1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кипар ги донесе првите одлуки

ЕМФ/дв23 март 2013

Првите одлуки со кои треба да се избегне државен банкрот се донесени - парламентот во Никозија изгласа Фонд на солидарност, како и ограничување на протокот на капитал. Но најважниот дел од спасувањето се‘ уште претстои.

https://p.dw.com/p/18327
Фотографија: Reuters

Неколку дена пред истекот на ултиматумот на ЕУ, кипарскиот парламент вчеравечер (22.03) презеде првични чекори за спас на земјата од државен банкрот. Пратениците во Никозија со мнозинство гласови одобрија ограничување на протокот на капитал и создавање Национален фонд на солидарност за рекапитализација на банките. Донесен е и закон за реструктуирање на банкарскиот сектор. Со тоа, меѓу другото, е донесена одлука за поделба на една од големите банки во земјата (Лаики Банк) на регуларен финансиски институт и таканаречена Бед Банк.

Фондот на солидарност треба да се наполни, меѓу другото, и со средства од Фондот за пензиско осигурување, како и од Православната црква на Кипар. Тоа е дел од пакетот мерки кои треба да го отворат патот за меѓународна финансиска помош. Кипарските пратеници, освен тоа, ја ополномоштија Владата да донесе мерки за контрола на протокот на капитал. Со тоа би требало да се спречи масовен одлив на капитал од земјата кога банките, кои се затворени од минатиот викенд, повторно ќе бидат отворени.

Zypern Bankenkrise
Во кипарските банки има заштеди во износ од околу 68 милијарди евраФотографија: AFP/Getty Images

Најважниот дел на пакетот за спас и важен предуслов за натамошна помош од ЕУ, меѓутоа, допрва претстои. Денеска треба да се расправа за принуднотот оданочување на банкарските заштеди. Државното кипарско радио јави дека веднаш по донесувањето на оваа одлука претседателот на земјата Никос Анастасијадес ќе отпатува во Брисел. Според државната телевизија, принудното оданочување би требало да биде големо и да ги погоди оние кои имаат заштеди од над 100.000 евра. Во кипарските банки има околу 68 милијарди евра влогови, од кои 38 милијарди евра се на банкарски сметки на кои има повеќе од 100.000 евра. Многу од најголемите влогови во банките се во сопственост на странци, особено на Руси.