1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кипар и Малта го воведоа еврото

2 јануари 2008

Новата Година за луѓето на Кипар и Малта им носи нови можности, но и нови пари: Од први јануари двете земји го воведоа еврото како платежно средство. Со тоа на европската валута за првпат ќе се појави и турскиот јазик.

https://p.dw.com/p/Cj4B
Еврото од КипарФотографија: picture-alliance/ dpa

Огномет и прослава во министерството за финансии – вака Кипар го прослави воведувањето на еврото. Приемот на Кипар во ЕУ во 2004 година беше голем успех, рече кипарскиот претседател Тасос Пападополус во неговата новогодишна порака, но тоа што островот само четири години подоцна го има и еврото, тоа е изворедно„И тука ја воведовме заедничката валута. Малиот Кипар се наоѓа во срцето на Европа и игра важна улога со силен глас.“ смета Пападополус.

Дали еврото ќе го поскапи животот?

Но граѓаните на средоземноморскиот остров не се толку еуфорични. Многумина стравуваат дека со еврото животот ќе стане поскап. Новинарката Атина Торнарити истакнува „Страв ми е дека кај нас многу работи ќе поскапат – исто како кога Грција го воведе еврото. Но ние барем имаме помал проблем со пресметувањето. Еден кипарски фунт чини 1,7 евра. Тоа полесно може да се пресмета отколку кај драхмите, тогаш 340 драхми чинеа едно евро.“

Сепак се чини дека попушта стравот од поскапувањата. Пред половина година три четвртини од жителите на Кипар сметаа дека со еврото ќе поскапат и цените. На крајот на ноември - половината.

Дали воведувањето на новата валута ќе биде тежок процес?

Еден трговец од Кипар смета: „Мнозинството лесно ќе успее. Постарите луѓе или оние кои живеат на село, можеби ќе имаат потешкотии. “

Од почетокот на декември на Кипар можат да се добијат евра, но некои не се баш сигурни во новата валута „Сакам да подигнам од новите пари, евра. Но сакам да подигнам и малку кипарски пари, за секој случај“ вели една жена.

До 31 јануари на Кипар ќе се примаат старите фунти, потоа парите ќе може да се сменат само во банките.

Турскиот јазик на евро кована пара

Новите евра во Малта и Кипар исто така се изработени со специфични обележја на двете земји, а за првпат на една евро кована пара ќе се појави и турскиот јазик. Имено покрај грчкиот „Кипрос“ испишан со грчки букви напишана е и турската варијанта „Кибрис“ со латински букви. Имено грчкиот и турскиот јазик се службени јазици на Кипар – тоа не се промени ниту по поделбата на островот во 1974 година. Во северниот дел на Кипар платежно средство останува лирата, но во многу ресторани и продавници исто така може да се плати и во евра.