1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кипар не сака да ја напушти еврозоната

ЕМФ/ртр29 март 2013

Кипарскиот претседател Никос Анастасијадес тврди дека Кипар ќе остане во еврозоната и дека нема да се прават „експерименти со нејзината иднина“. Контролата на протокот на капитал ќе трае подолго од очекуваното.

https://p.dw.com/p/186x0
Фотографија: Reuters

Во банките на Кипар нема турканици, но сепак - контролата на протокот на капитал ќе остане за подолг период отколку што се очекуваше. Претседателот Никос Анстасијадес (фото горе) денеска (29.03) најави дека контролите на протокот на капитал ќе попуштаат постепено. Тој не прецизираше кога се‘ ќе биде повторно дозволено. Досега се велеше дека контролата ќе трае седум дена. Министерот за надворешни работи Јоанис Касулидес рече дека ќе се врши контрола еден месец.

Вчера кипарските банки, по двонеделна пауза, повторно ги отворија вратите. Наспроти стравувањата, хаос немаше. Сепак, за нормална состојба уште долго не може да стане збор. Штедачите смеат да подигнат само износи во висина до 300 евра дневно, а кога патуваат во странство смеат да се понесат само 1000 евра. Денеска малку се олабавија ограничувањата на плаќањето побарувања на властите - со чек може да се платат побарувања во висина до пет илјади ева. За повисоките износи дозвола треба да даде Централната банка на Кипар.

Zypern Banken Öffnung
Преголеми турканици во банките немашеФотографија: REUTERS

Претседателот Анстасијадес денеска не штедеше критика на сметка на евро-партнерите и ја обвини еврозоната за поставување „невидени барања“ до Кипар, но нагласи дека неговата земја ќе остане дел од еврозоната. „Во никој случај нема да експериментираме со иднината на нашата земја“, рече Анастасијадес.