1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кипар поради Гинис повторно ќе печати изборните ливчиња

СН/АТ/ртр/бета30 јануари 2013

Гласачките ливчиња за претседателските избори на Кипар ќе мора повторно да се печатат поради кршење на авторските права по тужбата од Гинсовата книга на рекорди дека еден од кандидатите го присвоил нејзиниот знак.

https://p.dw.com/p/17Tuq

Околу 570.000 ливчиња за изборите на 17. фебруари мораат да бидат уништени и новата серија да биде повторно испечатена, што ќе чини 40.000 евра, наведуваат локалните медиуми.

Одлуката ја донел државниот обвинител Петрос Клиридис бидејќи компанијата Гинис ги контактирала изборните власти да соопшти дека на тој кандидат му забранува да го користи нејзиното лого на изборите.

Независниот кандидат Андреас Ефстратиу го користел Гинисовото лого на председателските избори во 2008. година откако преходно влегол во Гинисовата книга на рекорди за 2007. година како личност која направила најдолга „опашка“ за невестински фустан во светот.

Компанијата Гинис им навела на изборните власти да го предупредат Ефстратиу, инаку сопственик на продавница за невестински фустани, оти не е овластен да го користи нивното лого на изборите.

Кипарските медиуми дополнуваат дека би можело да се случи Ефстратиу да мора да ги плати трошоците за повторното печатење на гласачките ливчиња.