1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кипар: Сигурна е само несигурноста

М. Арсенопулос / М. Озчаркез / З. Јордановски24 март 2013

Тешки времиња за Кипар. Многумина мали претприемачи стравуват од парализа на стопанството. Дел од граѓаните, пак, се убедени дека имаат смелост и сила да ја издржат кризата.

https://p.dw.com/p/181DC
Фотографија: Reuters

За Кипраните, по решението на парламентарците да не го прифатат првичниот европски план за помош, е битно дека беше спречено принудното одземање на дел од заштедите.

„Сметам дека решението е правилно. Има луѓе кои со години тргале пари на страна и не може сега одненадеж да дојде некој и да каже: Прости, денеска ќе ти ги земам парите“, вели една Кипранка.

„Сигурно дека сега ќе има големи проблеми за нашата економија откако кипарскиот народ кажа ’не‘. Но, во принцип сметам дека Кипраните имаат смелост и сила да ги издржат овие времиња, се’ едно какви ќе бидат последиците“, вели друг жител на Кипар.

Но, многу луѓе на островот уште не сакаат да сфатат дека Кипар од пред неколку дена се наоѓа во повеќе од тешка состојба. Многумина мали претприемачи сега стравуват од парализа на стопанството. Столарот Папаги Занетос, на пример, како и најголемиот дел од занаетчиите, е зависен од куповната моќ на луѓето. А, таа опаѓа со месеци. Поради тоа, тој токму им даде отказ на своите двајца работници.

„Никој не знае како ќе одат работите понатаму. Сигурна е само несигурноста. Ние постојано зборувме за тоа. Во моментов е тешко. Од пред подолго време има висока неварботеност, а во мојата бранша повторно ситуацијата е тешка“, вели малиот претприемач Папаги Занетос.

Тоа има последици врз стопанството. И на Кипар се’ повеќе луѓе мораат да чекаат во редици пред службите за вработување. Од 2008 година речиси трикратно е поголема бројката на луѓе без работа.