1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Кирил„ над Европа

19 јануари 2007

Орканот Кирил синоќа пустошеше низ цела Европа, однесувајќи и човечки животи. Според информациите на метеоролошката служба Метеомедија, орканот во одредени период достигна брзина од 202 километри на час.

https://p.dw.com/p/Abzz
Сателитска снимка на орканот Кирил над Европа
Сателитска снимка на орканот Кирил над ЕвропаФотографија: picture-alliance/ dpa

Орканот Кирил во текот на вчерашаниот ден и ноќта меѓу четвртокот и петокот ги зафати и Велика Британија, Холандија, Франција и преку Германија продолжи да пустоши кон Полска, стигнувајќи до Украина. Само на британскиот остров загинаа меѓу 10 и 12 лица. Во десетици илјади домови снема струја, а беше запрен и сообраќајот на брзиот воз Еуростар што сообраќа меѓу Лондон и европското копно, кој од изутрината повторно работи. Бродскиот сообраќај меѓу Довер и Северна Франција од изутрината е онбовен. По три лица загинаа во Холандија и Чешка, две во Франција и едно во Белгија. Три жртви имаше и во Полска. Посебно беше погодена Долна Шлезија каде што дојде и до долги прекини во снабдувањето со струја. Беше запрен и железничкиот сообраќај со Германија. Прекини на струјата имаше во сите земји каде што профуче орканот Кирил кој предизвика хаос и во воздушниот сообраќај. Беа откажани стотици летови, некои авиони полетаа со големи задоцнувања. Хаос и во бродскиот сообраќај. Во каналот Ла Манш се случија драматични сцени откако еден контејнер поради оштетување на моторот се најде сред море. И покрај големите бранови, сепак екипажот од 28 лица беше спасен. Поради невремето Украина привремено го прекина протокот на нафта преку нафтоводот „Дружба„, преку кој се снабдува Германија, но се јавува дека во текот на денов повторно ќе биде ставен во погон.