1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Климата бара спасители

Андреа Ренсберг/ Александра Трајковска 26 ноември 2012

Пробив не очекува никој на климатската конференција во Доха. Се очекува да стане збор за тоа под кои услови треба да биде продолжен протоколот од Кјото. Притоа итно мора да се намалат емиисиите на ЦО2.

https://p.dw.com/p/16pni
Фотографија: picture-alliance/dpa

Екстремни горештини како во Русија летото 2010 ќе станат правило, нивото на морето ќе се покачи, а земјите во развој во тропските региони ќе мора да се борат против сушите. Сето ова стои во неодамна објавениот извештај на научниците од Институтот за климатски истражувања во Потсдам, изработен по налог на Светска банка. Сето ова ќе се случи - доколку меѓународната заедница не успее да издејствува значително намалување на емисијата на штетни гасови.

„Без опсежни обврски и делување за редукција на емисијата на штетни гасови, светот ќе се затопли за повеќе од три степени целзиусови во споредба со прединдустриското време“, се вели во извештајот. Издувните гасови се сметаат за предизвикувачи на затоплувањето на глобалната клима. Тие ја апсорбираат топлината која излегува во земјата, и која без издувните гасови би се изгубила во вселената. Меѓу издувните гасови освен јаглерод диоксис се вбројуваат и метанот и азотсубоксид.

Доха и целта од два степена

Никој не очекува дека од климатската конференција во Доха во Катар, која се оддржува од денеска до 7. декември, ќе произлезат големи ветувања за редукција на емисиите. Ова делумно се должи на тоа што многу земји веќе дадоа ветување за намалување на издувните гасови на минатите климатски конференции, вели за ДВ, Свен Хармелинг, кој во еколошката организаицја „Џерманвоч“ е одговорен за меѓународната климатска политика.

Deutschland Sven Harmeling Germanwatch
Свен ХармелингФотографија: DW

Нови ветувања, ако воопшто дојде до тоа може да се очекуваат од некои земји во подем, дополнува Хермелинг. „Има речиси 100 земји, кои во последните години воопшто немаат најавено мерки за заштита на климата, меѓу нив се големи земји како Филипини, Тајланд како и земји од арапскиот регон, Саудиска Арбија и домаќинот, Катар. Постојат сигнали за надеж, дека се можни по некои изненадувања“.

Одлучувачко за успехот или неуспехот на климатската конференција во Доха ќе биде дали ќе биде продолжен протоколот од Кјото. На крајот на годинава имено завршува т.н. прв обврзувачки период од овој договор. Отмар Еденхофер од Иститутот во Потсдам не верува дака во Доха ќе се постигне согласност за вториот обврзувачки период и продолжување на Кјото протоколот. Тој смета дека преговорите ќе завршат во дипломатска слепа улица.

Deutschland Ottmar Edenhofer Potsdam Institut für Klimafolgenforschung
Отмар ЕденхоферФотографија: picture-alliance/Andreas Geber

Повеќе симболика отколку содржина

Доколку продолжувањето на протоколот од Кјото пропадне, за политичарите задолжени за животна средина и активистите тоа би било фатален сигнал. Впрочем Кјото протоколот досега беше единствениот договор, кој содржеше правно обврзувачки цели за редукција на емисиите на штетни гасови.

Меѓутоа државите и да успеат да го продолжат договорот, тоа ќе биде повеќе симболичен гест. Имено се смета дека освен ЕУ само уште Швајцарија и Норвешка би го прифатиле вториот обврзувачки период - држави кои се одговорни само за 16 проценти од вкупната емисија на штетни гасови во светот. САД, најголемиот емитер на ЦО2 меѓу индустриските држави секако го нема ратификувано протоколот.