1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Клинтон: времето притиска

Себастијан Енгелбрехт5 март 2009

Потребен е напредок во преговорите, нагласи американскиот државен секретар Хилари Клинтон по разговорите со палестинските власти. Претседателот Махмуд Абас и постави конкретни барања.

https://p.dw.com/p/H5xg
Американскиот државен секретар Хилари Клинтон и палестинскиот претседател Махмуд АбасФотографија: AP

Американскиот државен секретар Хилари Клинон, демонстративно застана на страната на претседателот на Палестинците, Махмуд Абас. За израелската телевизија изјави дека не може да се соработува со палестинска влада во која учествува и Хамас. Дури откако исламистите ќе го признаат правото на постоење на Израел, можен е дијалог со Хамас.

По разговорите со премиерот Фајад и претседателот Абас во Рамала, Клинтон подвлече дека Автономните палестински власти се единствениот партнер за разговори за САД: „Соединетите држави имаат цел да ги подобрат условите под кои може да се формира палестинска држава - држава која ќе биде одговорен партнер и која ќе живее во мир со Израел и арапските земји и ќе носи одговорност пред сопствениот народ. Оваа влада се обидува да формира ваква држава.“

Abbas' neuer Mann
Палестинскиот претседател Махмуд Абас(лево) и премиерот Салам Фајад се партнери за разговор на САДФотографија: AP

Абас бара стопирање на изградбата на еврејските населби

Ваквиот став на САД не предизвика воодушевување во Рамала - туку се прифати како нешто само по себе разбирливо. Посетата на американскиот државен секретар не разбуди големи очекувања за промена на Западниот брег. Приемот на Клинтон беше помалку срдечен од порано. Никаде не можеше да се види американско знаме, што не беше случај при претходни посети на врвни американски политичари.

Претседателот Абас очекуваше појасни зборови од американската министерка. Шефот на Автономните власти со денови повторува, дека ќе се врати на преговарачка маса само, доколку Израел ја стопира изградбата на еврејските доселенички населби на Западниот брег. Во повеќе меѓународни договори Израел презема обврска да го запре градењето на населбите - но не се придржува до тоа.

Абас ја осуди ваквата политика како и рушењето на куќите во арапскиот дел на Ерусалим, кое почна неделава: „Оној кој ќе продолжи со ваквата политика не е заинтересиран за мирот. Затоа ги информиравме сите дека Израел мора да да прекине со градењето на населбите и рушењето на куќите. Сето тоа се индикатори, дека Израел не сака мир. Укинувањето на овие мерки е дел од обврските од мировниот план.“

Israelische Siedlung in West-Jordanland
Израел продолжува со изградба на доселенички населби во Западниот брегФотографија: AP

Клинтон го критикува уривањето на палестинските куќи

Градот Ерусалим сака да урне 88 куќи во арапската населба Силван и на тоа место да изгради парк. На почетокот на неделава булдожерите почнаа да ги рушат првите куќи. Според Израел куќите биле изградени нелегално. Палестинците пак во ваквиот потег гледаат индиција за систематско протерување на Арапите од Ерусалим. Хилари Клинтон се дистанцираше од постапката на Израел „Ваквиот вид активности јасно не е е помош и се спротивни на обврските од мировниот план,“ рече Клинтон.

За време на посетата, Клинтон не постави нови акценти на американската политика кон Блискиот исток. „Времето притиска“, рече Клинон, потребен е напредок во мировниот процес смета министерката. Таа најави дека американскиот посредник Џорџ Мичел повторно ќе отпатува во регионот, штом биде формирната новата израелска влада.