1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Клинтон ја почна балканската турнеја

БГ/бета/миа30 октомври 2012

Американскиот државен секретар синоќа допатува во Сараево, од каде, придружувана од високата претставничка на ЕУ, Ештон ќе продолжи за Белград, Приштина, Тирана и Загреб.

https://p.dw.com/p/16ZGl
Фотографија: dapd

Американската државна секретарка Хилари Клинтон и високата претставничка на ЕУ Кетрин Ештон денеска во Белград ќе разговараат со највисоките српски претставници околу Косово и процесот на европски интеграции. Кратката посета вклучува средби со српскиот претседател Томислав Николиќ и премиерот Ивица Дачиќ. Според Дачиќ, Клинтон не доаѓа во Белград за да поставува услови, туку за да го охрабри европскиот курс на домашните власти. За безбедноста на високите гости ќе се грижат околу 4 илјади полицајци.

Клинтон турнејата ја почна синоќа во Сараево, а од Белград продолжува за Приштина. Во рамките на балканската турнеја, американската државна секретарка ќе ги посети и Тирана и Загреб.

US Aussenministerin Clinton In Sarajevo
Клинтон во СараевоФотографија: klix.ba

Во пресрет на посетата на Клинтон на Балканот, американскиот аналитичар Даниел Сервер оцени дека Клинтон и Ештон мораат да им подвлечат на српските власти, а особено на премиерот Ивица Дачиќ, дека за нив е неприфатлива поделба на Косово. Сервер препорачува САД во балканската политика да продолжат со координирањето со Европската Унија, и да вршат сериозен и заеднички координиран напор кон балканските земји за нивно подготвување за членство во ЕУ.