1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кличко ја одбрани титулата

12 март 2007

Боксерот Владимир Кличко во саботата вечер во Манјхајм ја одбрани титулата светски првак во тешка категорија во верзијата ИБФ. На светското првенство во брзо лизгање пак, во Солт Лејк Сити, Клаудија Пехштајн на 5 илјади метри го освои сребрениот медал:

https://p.dw.com/p/AegT
Се беше готово по само 4 минути: Остин не го издржа налетот на Кличко
Се беше готово по само 4 минути: Остин не го издржа налетот на КличкоФотографија: AP

Противник на Кличко беше првиот на листата предизвикувачи на ИБФ, Американецот Рој Остин. За жал на многумина љубители на боксот, мечот заврши веќе во втората рунда со технички нокаут. И Кличко кој на тој начин ја одбрани титулата, поради краткото траење на мечот, како да беше разочаран:„Тој вистина беше многу побавен и од моите спаринг-партнери и се се заврши само од себе„.

Неговиот брат Витали по мечот изјави: „Решавачки удар и се беше готово„. „Се надевам дека публиката е задоволна. Можеби траеше кусо, но тоа е тешка категорија и секогаш може да се случи. Моја цел сега е да ја обединам титулата со ВБО„, изјави Кличко.

На светското првенство во брзо лизгање, олимписката победничка Клаудија Пехштајн го загуби нејзиниот светски рекорд на 5 илјади метри од Чехињата Мартина Сабликова, но сепак се закити со сребрен медал. 19-годишната европска првенка Сабликова по 3 илјади метри, го освои и вториот златен медал и го надмина досега најдоброто време на Пехштајн за секунда и 3 десетинки. Пехштајн го загуби директниот дуел со Чехињата, а својот рекорд го постигна на Олимпијадата во 2002 исто така во Солт Лејк Сити: „Јас сум многу среќна што се се одвиваше добро и многу се радувам на среброто. Мојата цел беа две медали и ми успеа планот„.

Претходно Ани Фризингер на последниот ден го освои сребрениот медал на илјада метри. Побрза од неа беше само Холанѓанката Ирене Вист. Фризингер се пожали што по болеста не успеа да постигне уште подобра форма:

„Едноставно немав доволно сила. Морам да кажам дека добро ги држев во шах другите девојки и успеав да бидам втора. Потоа ми беше тешко. Вистина не се чувствувам добро„, изјави Фризингер по трката.