1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Клопчето околу НСУ се одмотува

АТ/ дпа/ ртр/ дв5 јули 2012

Зошто беа уништени документи во врска со неонацистичкото трио од страна во службата за заштита на уставот? Каква улога играа надлежните институции во врска со групата НСУ? Парламентарците бараат одговори.

https://p.dw.com/p/15RSt
Фотографија: picture alliance / dpa

Истражниот одбор на Бундестагот за неонацистичката терористичка група од Цвикау - Националсоцијалистичко подземје (НСУ) денеска ќе го сослуша претседателот на службата за заштита на уставот во заминување Хајнц Фром. Пратениците се надеваат дека ќе добијат разјаснување - зошто службеник на институтцијата со која раководи во ноември 2011 година, кратко окако беше откриена серијата убиства од страна на неонацистичка група, наредил да бидат уништени седум документи на доушници од десноекстремистичката сцена во Тирингија. Уништувањето на документите беше обелоденето минатата недела, по што Фром побара од министерот за внатрешни работи Ханс Петер Фридрих да биде отпуштен и да замине во предвремена пензија.

Министерот за внатрешни работи Ханс Петер Фридрих во меѓувреме именувал специјален истражител поради аферата со уништивање на документи во истргата околу серијата убиства на неонацистичкото трио НСУ. Оваа задача треба да ја преземе експертот за заштита на уставот во министерството за внатрешни работи Ханс Георг Енгелке, информира онлајн изданието на весникот „Билд“. Енгелке би требало да ја преземе задачата уште наредната недела во централата на службата за заштита на уставот во Келн.