1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Клучни денови за грчката економска криза

20 јануари 2012

Во Атина се одвиваат паралелни преговори меѓу грчките власти и приватните кредитори, од една, и претставниците на меѓународните институции, од друга страна.

https://p.dw.com/p/13myV
Фотографија: picture alliance/ZB

Грција и нејзините приватни кредитори се соочени со трка со време за да постигнат договор за отпис на дел од долгот и избегнување банкрот на високозадолжената земја. Целосниот договор мора да биде постигнат до понеделник, за Атина да успее да ја плати следната рата од долгот од 14,5 милијарди евра на почетокот на март, но дел од преговорите мора да бидат завршени до денеска напладне.

По вчерашната рунда разговори, грчките претставници изјавија дека преговорите минале продуктивно и беа оптимисти за постигнување договор.

Сепак, приватните банкари стравуваат дека ќе треба да отпишат многу повеќе од договорената половина од грчкиот долг. Грчкиот премиер Пападемос пред неколку дена се закани дека ќе ги принуди приватните инвеститори да преземат поголем дел од долгот доколку не се согласат на условите кои ги бара Атина.

Во истовреме во земјата се наоѓаат и претставници на т.н. „Тројка“ од Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, кои преговараат за реформи, кои треба да и овозможат на Грција да ја добие следната транша од помошта во износ од 130 милијарди евра.

Автор: БГ/ АТ/ афп/ ројтерс

Редактор: Ж. Ацеска