1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Клуч за охридските кафеани!?

5 март 2011

Туризмот во Охрид е соочен со страв и неизвесност. Прометот паѓа, кафетериите затвораат и пред 22 часот. Ригорозните закони, економската немоќ и политичките игри-само дел од причините за летаргијата.

https://p.dw.com/p/R6Kr
Охрид во летаргијаФотографија: Milco Jovanoski

Со денови кафетериите и кафеаните зјаат речиси празни. Се случува во објектите напладне, па и навечер да има помалку гости, отколку персонал. Прометот вртоглаво паѓа. Кириите се високи, па оттука и разочараноста на сопствениците кои не знаат кој пат да го фатат. Да работат со загуби, да го чекаат летото или да се откажат од бизнисот.

Panoramabild von Ohrid
Сите надежи се во летната сезонаФотографија: Petr Stojanovski

„Беше пред триесет години, тогашната власт ни забрануваше да работиме по дваесет и два часот. Сега тоа истото го дочекавме. Не со забрана, туку сами од тоа што немаме работа да ги затвораме кафеаните. Тоа е невиден феномен. Како да сакаат Охрид да го снема од туристичката мапа “, изјави за Дојче веле Љупчо Патче, еден од најискусните и највозрасни угостители во Охрид .

Слаба економска моќ, тивок политички бојкот или нешто трето ?!

Ако порано Охрид живееше од конгресниот туризам, сега и ваквите случувања се реткост. Всушност во Македонија ги има се‘ помалку . Тоа укажува дека земјата не е во фокусот на странците. Охриѓани се сомневаат дека градот е жртва на наводно тивкиот бојкот и пресметката на централната со локалната власт кои не се од иста политчка опција. Приказната е јасна, вели Михаил Мишев , еден од сопствениците на познатата кафетерија „Аквариус “:

Mazedonien Ohrid Mihail Misev
Михаил МишевФотографија: Milco Jovanoski

„ Мислам дека се работи за длабочината на џебот на населението, а не за нивното нерасположение да бидат во угостителските објекти.“

Туриситички еснаф постои, ама државата како да нема слух за нивните барања и потреби. Мишев, додава :

„ За нас најблаго речено се чудни тие закони. Бидејќи и порано се очекувало точно кафетериите да се место за дружење и за излегување на едно кафе со цигара, убав пријателски необврзувачки разговор. Сега тоа на некој начин е нарушено и луѓето веројатно преферираат да се дома или на отворено само да не го повредат законот. “

Многу причини за слаб туристички промет !

Листата за падот на туристичкиот промет според Љупчо Патче е подолга:

Mazedonien Ohrid Ljupco Patcev
Љупчо ПатчевФотографија: Milco Jovanoski

„ Едно езеро од трисет и два километри да нема риба, ја промовираме охридската пастрмка како светско чудо. Втора година не пловат бродовите .Забрана за пушење. И тоа ми се чини откако се донесе тој закон, прометот во кафеаните опадна за шеесет до седумдесет одсто. “

Колку е сериозна работата кажува податок дека хотелите Метропол кои се со најголем капацитет бележат загуба од близу 14 милиони денари во 2010 година. Дека нема обрт на пари сведочат и празните рекламни билборди. Во Охрид не е само туризмот во катастрофални загуби. Пропаѓа и трговијата. Дури 40 дуќани во чаршијата се веќе под клуч.

Mazedonien Ohrid Geschlossene Kneipe
Се‘ почести се катанци на објектитеФотографија: Milco Jovanoski

„ Цел град треба да стане на нога. Да се организираме, политiката да се стави настрана. Да се послушаат угостителите, хотелиерите и граѓаните, да имаме заедничка стратегија и да почнеме одново. Се плашам се‘ да не замине во историјата. Ако се продолжи вака многу кафеани во Охрид ќе затворат и ова ќе биде некое минато време“, вели Патче.

По обичај пак се најавува богата туристичка сезона со гости од Холандија, Норвешка, Србија. Сезоната ќе е клучна, а Охрид ќе нема простор за поправен испит.

Автор: Милчо Јованоски

Редактор: Жана Ацеска