1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Книга со слики во движење

Марија Шмит / Елизабета М. Фиданоска28 јуни 2013

Да се направи свој филм со снимање подвижни слики - тоа се учи на воркшопови во организација на Сарландската филмска канцеларија. Учесниците се на најразлична возраст - од деца до возрасни. На крајот секој има свој филм!

https://p.dw.com/p/18rUe

Книгите со подвижни слики раскажуваат куси приказни во слики. Техника стара со векови. Учесниците на еден воркшоп во Сарбрикен сакаат да дознаат како тоа функционира. Секој добива задача. Едни цртаат, други, на пример, глумат.

Јован Цветковски, медијален уметник, дава насоки:

„Гледајте кон мене. Да пробаме уште еднаш и мислам дека ќе биде добро.“

Учесниците на воркшопот во Сарландската филмска канцеларија ги водат медијалните уметници Јован Цветковски и Ана Каутенбургер.

27.12.2012 DW DEUTSCHLAND HEUTE Daumenkino

„Многу е важно да се има куса приказна, зашто треба да е нешто интересно и да може да се раскаже во многу куси секвенци“, објаснува Ана Каутенбургер.

Ученикот Фабијан Цајсинг работи на својата приказна - 50 слики за 10 секунди.

„Раката сега повторно се спушта и со големи букви се појавува напишано ‘Класично‘“, и‘ објаснува Фабијан на Ана Каутенбергер.

Младиот уметник веќе има искуство: „Добив идеја за ова затоа што веќе правам стрип-серија. Во серијата е нормално врз мојот главен јунак, кој е главен актер и во подвижните слики, да паѓаат тешки работи, како на пример - наковална.“

Daumenkino Kunsthalle Düsseldorf Voss
Фотографија: presse

Потоа нацртаното се снима, а подоцна тоа се печати врз цврста хартија. Фрида Хофман со ќерка и‘ Карина сака да сними приказна за глувче што сретнало полжав.

„Претходно сакавме да прикажеме како некој на кукла и‘ дава колаче и куклата, така да се каже, ја гризнува раката и потоа да се види раката“, вели малата Карина, а мајка и‘ додава:

„Но, беше прекомпликувано со рака и крв и потоа се одлучивме за нешто што не е толку крваво.“

Во дворот на филмската канцеларија сите учесници бараат соодветна позадина. Двајца од учесниците сакаат да се бакнуваат во небо. Затоа сцените од небото и бакнувањето треба да се стават една врз друга.

Фрида и Карина два и пол дена работеа на својата приказна. Сега мора да ги исечат своите слики, да ги сортираат и да ги поврзат. Книгата на слики во движење за глувчето и полжавот е готова!