1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Коалиционен договор на ВМРО ДПМНЕ и 18 партии

1 мај 2008

Најголемата политичка партија потпиша предизборен коалиционен договор, Повелба за стратешко коалицирање „Македонија 2008“. Договорот го потпишаа лидерите на партиите кои ќе коалицираат во блокот

https://p.dw.com/p/Drvh
Груевски со претходната коалицијаФотографија: dpa
Во блокот политички партии предводен од ВМРО ДПМНЕ се Демократската унија на Ромите од Прилеп, Партија за интеграција на Ромите, Работничка земјоделска партија, Партија за целосна еманципација на Ромите, Бошњачка демократска партија, Партија на Зелените, Демократска партија на Турците во Македонија, ВМРО Македонска, Демократски сојуз, Социјалистичка партија на Македонија, Демократска партија на Србите во Македонија, Сојуз на Ромите од Македонија, Партија на правдата, Партија на Власите од Македонија, Народно движење за Македонија, Обединета партија за еманципација и Странка на демократска акција на Македонија.