1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

220811 Managerhaftung

24 септември 2011

Колку поголемо е едно претпријатие, колку е финансиски посилно и со поголем обрт, толку повеќе бордот директори и членовите на надзорните совети на еден концерн се интересираат за специјални осигурувања за менаџери.

https://p.dw.com/p/12NyY
Фотографија: picture-alliance/dpa

И менаџерите се само луѓе, па оттука може да донесат и погрешни одлуки. Тие пак, може да го чинат едно претпријатие милиони или дури милијарди. За тоа има бројни примери, кои предизвикаа големо внимание во јавноста. Корупцискиот сканал во Сименс на пример, или пак несолвентноста на трговскиот и туристички концерн Аркандор, поранешно Карштат - Квеле. 

Ваквите големи концерни, но и голем број средни претпријатија, се осигуруваат во случај раководните лица да направат грешки со далекусежни последици. По правило се користи т.н. осигурување за директори. Честопати станува збор за „класични пропусти“ кои ги доведуваат менаџерите во тешка ситуација, вели Марк Вилхелм, адвокат за осигурително право од Диселдорф. „Менаџерот треба да го организра своето претпријатие, за тоа да функционира. Тој треба да создаде и менаџмент против ризици, кој ќе ги открие евентуалните грешки. Менџерот мора да воспостави правила и закони за раководење на едно претпријатие, кои се во согласност со општите законски правила на однесување и. т.н.“

Flash-Galerie Symbolbild Führungsposition Frau
Потребна е добра организација и почитување на правилатаФотографија: picture-allianc/dpa

Менаџерите ги превидуваат сопствените правила

Само 20 проценти од сите грешки на менаџерите се базираат, на пример, на погрешни калкулации или трговски зделки, проценува Вилхелм. Во 80 проценти од случаите, раководните лица едноставно превиделе нешто, не внимавале на интерните правила и договори:

„На пример: кај одлуките за осигурување од промена на курсот, во интерните правила стои дека за вакви зделки еден човек од управата може да одлучува сам до вредност од 2,5 милиони, над оваа вредност мора да одлучуваат двајца. Меѓутоа често се случува поради варирањето на курсевите зделката која вчера била со вредност од 2,5, денеска да вреди 5 милион. Менаџерот не размислува за тоа дека сам смее да одлучува само до вредност од 2,5 милиони. На тој начин ги прекршува своите обврски. Тоа се ситниците, кои менаџерите ги превидуваат.“

Склучување директорска осигурителна полиса чини од 600 евра до повеќе милиони, вели Марсел Редер од Аон, водечка осигурителна компанија во светот. За осигурувањето, вели Редер се важни многу фактори, на пример колку е големо претпријатието или кои ризици се поврзани со работењето на конкретната фирма. Пред да биде понудено осигурвање се земаат предвид сите критериуми:

„...Во која бранша е активен клиентот, висината на сумите на осигурување, содржината на дотогашната директорска програма и осигурителен договор, каков е развојот, дали   имало некакви штети? Потоа анализираме дали фактичката состојба се совпаѓа со она што ние го гледаме. Честопати се соочуваме со ситуација дека тоа не е така и, врз основа на приложените информации, предлагаме концепт, кој е најсоодветен на индивидуалните побарувања за покритие.“

Symbolbild Entlassungswelle Entlassung Kündigung Rote Karte
Се’ повеќе фирми ги тужат своите менаџериФотографија: Fotolia/Shoot4u

Осигурителната компанија Аон бележи голем пораст на штетите настанати поради грешки на менаџерите. Во 2007 година во целиот свет биле регистрирани 134 случаи, додека измината година бројот се искачил на 445 случаи. Исто така, во 2010 година двојно се зголеми бројот на земји каде биле забележани случаи на штети врз основа на директорски полиси, на 60. Се’ повеќе претпријатија ги тужат своите раководни луѓе, вели Редер: „На пример Бајерн ЛБ, МАН, Аркандор, сето тоа се случаи, кои делумно ја пречекоруваат границата од милијарда или се движат во трицифрени милионски суми. Не сакам да потврдам дека сето тоа биле осигурени штети предизвикани од менаџерите, меѓутоа гледаме поврзаност со директорските осигурувања.“

Законите во Германија се доволно строги

За време на финансиската криза многумина политичари повикаа на поголема лична одговорност на менаџерите во Германија. Адвокатот Марк Вилхелм меѓутоа смета дека тоа е популизам. Во Германија, законските одредби се доволно строги:

„Секоја грешка, која ќе ја направи менаџер, која е направена од небрежнсот и во одредени околности подоцна може да предизвика штети, може да доведе до тоа да се побара одговорност од менаџерот. Тоа не зависи дали сте во директорскиот одбор на претпријатие нотирано на германската берза или раководите со мала фирма. Правилата за одговорност во основа важат за секој менаџер. Тоа е непријатна ситуација во Германија. Во светот речиси и да нема построги првила.“

Доколку еден менаџер со предумисла му нанесе штета на своето претпријатие тогаш осигурителната полиса за директори не важи. Меѓутоа намерата мора да биде докажана.

Автор:  Моника Ломилер / Александра Трајковска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска