1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кога девојчиња боксуваат

Корнелиус Дали/Симе Недевски31 август 2012

Елза Ковалчук сосема случајно се најде на рингот. Таа го водела својот помал брат на тренинг и потоа и таа почнала да боксува. Нејзините родители морале да се навикнат на тоа. Денес ја бодрат од трибините.

https://p.dw.com/p/15xqk
Фотографија: Fotolia/rolafoto

Необична слика: Млада девојка во рингот, Елза Ковалчук. И нејзините родители се тука. Тоа е прва борба на нивната ќерка, која се одржува во Гамен во Рурската област. Два часа порано: во текот на мерењето оваа 13 годишна девојка е од ретките тука. Таа не смее да учествува во рингот без дозвола од лекарот. Таа се промени откако почна да боксува.
„Мислам дека станав посамосвесна и можам да излезам на крај со моите нерви. Не плачам веднаш,ако нешто не ми одговара.“, Елза Ковалчук.

Сочувствува со противничките

Елза случајно почнала да тренира бокс. Всушност, таа требала да го носи својот брат на тренинг и потоа почнала да боксува. Родителите морале прво да се навикнат на тоа. „Татко ми не беше толку изненаден колку мајка ми. Таа сметаше дека со тоа ќе се занимавам неколку месеци и дека ќе престанам. Но, јас останав и тогаш, по 4 месеци, и дадов една дозвола за борба, која таа требаше да ја потпише.“, вели Елза.

Olympia 2012 London Boxen Frauen Tunesien Indien
Фотографија: Reuters

Лиза во црвено и Елза во сино ќе се борат една против друга. Надвор од рингот тие се пријателки. Сочуствувањето со противничката, за Елза е нормално. „Жал ми е. Посебно кога кусо пред борбата ќе се спријателиме. Така е и на тренинг, кога боксуваш со некоја колешка од тимот, а пред тоа сте се спријателиле“.
Оваа девојка не сака нејзините родители да доаѓаат на борбите. Знае дека се плашат за неа. А Елза се плаши за својата концентрација, бидејќи сака да победи.

Елза ќе продолжи да боксува

„Многу сум амбициозна. Таква сум и поради тоа боксувам, а не играм кошарка. Победата ми припаѓа само мене, а не на целиот тим.“
Во својата прва борба на домашен терен Елза се држи добро.
Нејзините родители ја бодрат од трибините... Но, противничката Лиза од бокс клубот Фреден, во црвено, добро се покрива и има многу искуство...
Борбата траеше 3 рунди по една минута.„Таа е јака противничка. Многу добра и брза.“,вели Елза.
Таа на крајот изгуби на поени. Го прифаќа тоа смирено.
„Ако борбата беше добра, тогаш се надевам дека за 2 недели ќе се сретнам повторно со противничката во Фреден и тогаш ќе можам да покажам што знам.“, Елза Ковалчук.
Таа ќе продолжи да боксува, тоа е сигурно, се едно дали тоа им се допаѓа на нејзините родители или не.