1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кога децата учат да готват

Хомериа Рајн/ Александра Трајковска 16 мај 2013

Во еден ресторан во Лајпциг девојчиња и момчиња учат да уживаат во здрава храна. Учениците самите готват и доаѓаат до заклучок дека храната е дури и вкусна!

https://p.dw.com/p/18Wg3
Фотографија: Fotolia/kab-vision

Да се научат децата да готват!  - ова е мотото на еден ресторан во Лајпциг. Овде девојчињата и момчињата самите одлучуваат што ќе се готви, а потоа и јаде.

Леон Ридел најавува: „Како предјадење има индиска супа од домати и кокос и лепиња ’Наан’ “. Фризине Рајнвоет дополнува:  „За главно јадење има зелени макарони со сос со слатка павлака и шунка“. Лаура Гриндел завршува: „За десерт има банани во мантил од оризова хартија“.

Пред шпоретот стојат учениците од едно седмо одделение во една гимназија во Лајпциг.

Schulfruchtprogramm Baden-Württemberg Äpfeln Kinder Schüler
И здравата храна е вкуснаФотографија: picture-alliance/dpa

Со професионална помош учениците самите го подготвуваат менито. Притоа учат на пример дека зелената боја во зелените макарони потекнува од спанаќот. Да им се покаже на децата дека готвењето може да биде забавно и дека здравата храна дури има и добар вкус - тоа е идејата на овој ресторан.

„Мислам дека ние честопати имаме премалку доверба во децата, дека со сигурност треба уште многу работи да се случат и тоа едноставно да се прави активно... Не е точно дека децата немаат желба или незнаат, туку едноставно не наоѓаат доволно предизвик самите да се обидат да готват“, вели Јарин Фанерт од лајпцишкиот ресторан.

Самите да готват? За повеќето тоа е прилично возбудливо искуство. Ахмед Алаа Шариф вели: „Мислам дека тоа е многу убаво, бидејќи на тој начин се зајакнува заедништвото во одделението“.

Mutter und Bruder sehen einem kleinen Mädchen bein Spaghettikochen zu
Децата добиваат желба да готват за родителитеФотографија: picture-alliance/Beyond

Изабел Тауер дополнува: „При готвењето може многу да се испроба“.

По речиси три часа јадењето е готово. Во програмата се вклучени и местењето на масата и сервирањето, но по толку многу работа јадењето е особено вкусно.

„Ова беше нешто поинакво, бидејќи во други случаи секогаш само се нарачува јадењето и не се знае како е направено и цело време се досадуваш, вака самиот можеш да учествуваш и да знаеш со што е направено, со какви состојки, јас би го препорачал ова“, вели Никлас Книпер.

Ресторан во кој децата се готвач, келнер и гостин. Концепт кој ветува успех. Многумина од учесниците веќе сакаат да готват за своите родители.