1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кои се вистинските бекташи во Македонија?

14 ноември 2010

ИВЗ призна дел од бекташите, но оние од тетовскиот крај тврдат дека тоа е фарса. Тие велат дека се во спор со ИВЗ, не поради разликите во практикувањето на верата туку поради имотот кој ИВЗ сакала да им го земе.

https://p.dw.com/p/Pw4x
Бекташите од Тетово (на сликата) во долгогодишен спор со ИВЗФотографија: AP

Одлуката на Исламската верска заедница да признае постоење на легална бекташка верска организација во Македонија го наметнува прашањето кои се бекташите и кои се нивните духовни водачи. Бекташите од кичевско потпишаа спогодба со ИВЗ. Но бекташите од тетовскиот крај каде се наоѓа познатото Арабати Баба Теќе тврдат дека единствена бекташка верска група во Македонија се тие и оти кичевски бекташи не постојат.

„ 500 години стар објект кој има свои верници кои се бектеши неможат да бидат признати во една држава која постои само 20 години а може да се регистрира една фамилија која има само една куќа“. Кој може ова да го објасни? ,прашува Арбен Сулејмани, професор на Институтот за бектеши од Келн.

ИВЗ го сака имотот?

Europäischen Gerichtshof für Menschenrechte in Straßburg
Наредна станица на спорот? - Европскиот суд за човекови права во СтразбурФотографија: AP

Но поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи по потпишувањето на спогодбата со кичевските бекташи рече:

„Со ова ќе се тави крај на лажните претставувања. Во Макеонија сега ова е единствена бекташката заедница“.

Долго време во Македонија се оспоруваше можноста за регистрирација на бекташите поради противењето на ИВЗ. Сега бектешите од Тетово не можат да се впишат во судот бидејќи ќе биде регистрирана само бектешката верска организација од Кичево. Поглаварот на тетовските бектеши Хаџи Баба Едмонд Брахимаи под чија контрола е тетовското Теќе тврди дека причина за спорот со ИВЗ е конторлата на имотот со кој располагаат бектешите: „Се што прави ИВЗ против нас е поради тоа што ние имаме имот“.

Жалба пред судот во Стразбур

Тетовските бектеши беа признати до 2007 година кога со новиот закон се забрани постоење на повеќе верски заедници од иста вероисповед. Тие не отстапуваат од намерата да добијат обновување на регистрацијата. Обвинуваат дека во Македонија не се почитуваат верските права и слободи и поради тоа се жалат во судот во Стразбур.

Автор: Горан Петревски

Редактор: Симе Недевски