1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кои се грешките на Ахмадинеџад?

21 април 2009

Антиизраелските изјави на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад во Иран не предизвикаа голема возбуда. Иранците се чини се навикнати на вакви изјави.

https://p.dw.com/p/HbJE
Иранскиот претседател, Махмуд АхмадинеџадФотографија: AP

Иако еден наслов во весникот „Иран дејли“ денеска гласи: „Расизмот и ционизмот одат рака под рака“, тема во печатот не е говорот на Ахмадинеџад против Израел, туку неговото пледоаје за укинување на правото на вето во Советот за безбедност на ОН. Пламените тиради на Ахмадинеџад во Техеран не се ништо особено, освен што се чини расте бројот на оние Иранци кои го критикуваат остриот тон на претседателот.

Истовремено, разликата меѓу Евреи од една и ционисти од друга страна, поттикнувана од режимот, се чини е блиску до општествен консензус. Така политиката на Израел, особено кон Палестинците, се означува и осудува како ционизам. Од друга страна, Евреите важат за припадници на религиозна заедница, која во Иран ужива законска заштита како малцинство, под одредени услови смее да има свои училишта и дури има и еден пратеник во парламентот.

Разлики во поимите

Колкава разлика во поимите владее во Иран, се покажа во јануари, кога иранските Евреи демонстрираа во Техеран против воените напади на Израел врз појасот Газа и кога нивниот портпарол, Симак Морзатег изјави:

„Овде сме за да демонстрираме против ционистичкиот режим на Израел и да покажеме солидарност со невините луѓе во Палестина. Протестираме против акцијата на израелската армија, да убива невини луѓе во Газа. Овде сме да укажеме дека еврејството и ционизмот се две различни работи.“

Mahmoud Ahmadinejad während seiner Rede in Teheran
Ахмадинеџад во ТехеранФотографија: AP

Погрешни интерпретации

Како и претходно, за иритации на запад пред се‘ придонесува што Ахмадинеџад повеќепати ја спомена победата над Израел. Заднината на ваквите изјави е покомплициранa од она што се добива како прв впечаток. На тоа укажуваат и повеќе експерти. Светските новински агенции ја пренесоа реченицата, која Ахмадинеџад во овој контекст ја кажа првпат на 26 октомври 2005 година, со зборовите: Израел мора да биде избришан од светската географска карта. Тоа звучи како повик на војна за уништување. Во персискиот оригинал, како и во англискиот превод на про-израелскиот „Мидл Ист Медиа Рисрч Институт“ меѓутоа се вели: Режимот, кој владее во Ерусалим, мора да стане историја. Во таа реченица значи Ахмадинеџад не зборува за уништување на Израел или на Евреите, туку за крај на израелското владеење со Ерусалим, кое особено болно го прифаќаат муслиманите.

Иритирачко е нешто друго. На иранскиот претседател, кој повеќепати свесно негира историски факти и холокаустот го означува за лага, никогаш не му попречија погрешните пренесувања на неговите изјави. Додека иранскиот духовен водач Камнеи и министерот за надворешни работи Мотаки бараа правилно пренесување, Ахмадинеџад ја остави до денес грешката во преводот, што е карактеристично за иранскиот претседател повеќе отколку за другите.


Автор: Улрих Пик / Жана Ацеска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска