Свет

Кои се приврзаниците на сепаратизмот во Каталонија?

Сепаратистите во Барселона се консолидираат и се надеваат на став. Тие стравуваат дека ескалацијата ќе зема замав.

Spanien Protest gegen Verbot des Referendums in Barcelona (Reuters/Y. Herman)

Тешка атмосфера во Барселона. Дождот го засилува чувството. Платото пред универзитетот во Барселона беше едно од централните места на протестите. Опремени со знамиња, мегафони и транспаренти претежно луѓе на околу 25-годишна возраст гласно го искажаа своето несогласување. „Можете да нѐ тепате, не можете да нѐ замолчите!", гласеа паролите по плакатите.

Ирене и чувството на гнев

Ирене денот на демонстрациите го минала со пријателите на улица. „Имавме таков гнев, уште сум лута“, вели седната во предворјето на Филозофскиот факултет на универзитетот во Барселона каде што студира антропологија. Зошто сѐ уште е бесна? „Затоа што секогаш се велеше дека треба да сме мирни, но ни тие не беа мирни, па зошто моравме да бидеме ние?"

Spanien Referendum Barcelona | Studentin Irene (DW/M. Müller)

Ирене е сѐ уште бесна

Кога вели „тие", мисли на Цивилната гарда и на воената полиција кои во неделата, на денот на референдумот, провоцираа судири со гласачите. „Ние сме глупавите што прво се тепани, па уште се бара да им го подадеме и другиот образ!?"

26-годишната девојка која не сака да го објави своето презиме е „индепендиста", поддржувач на независноста од длабоко убедување. „Така израснав, мојата фамилија со генерации посакува независност." Не заради тоа што Каталонците своето богатство не сакаат да го делат со остатокот од Шпанија, како што често пати им се префрла, „туку зашто шпанската влада не ја почитува доволно нашата култура".

Ирене смета дека нивниот јазик и обичаите се загрозени. Две други студентки се надоврзуваат: „Во моментов во училиштата се без проблем во употреба двата јазика, каталонски и шпански, но се плашиме дека многу скоро тоа би можело да се промени."

Хули и правото на свој јазик

„Тотално нерационално", коментира Хули Салом, студент по филозофија на универзитетот. „Угнетување на јазикот? Секако, но ако живееме во диктатура. А вака? Кој го одржува јазикот жив? Тоа се оние кои го зборуваат, каталонскиот народ. А, тој народ нема да дозволи јазикот да изумре. Тоа е невозможно."

Хули зборува со гнев. И тој е бесен, но од други причини. Каталонците, според него, од мали се индоктринирани „дека јазикот, обичаите и територијата мора да ги цениш и чуваш и тоа им се кажува како овие нешта да се загрозени". Хули потекнува од Балеарските острови и со години живее во Барселона. Тој сакал да има легален референдум за Каталонците.

Spanien Referendum Barcelona | Student Juli Salom (DW/M. Müller)

Хули е исто така гневен, но од други причини

24-годишниот ја критикува неинформираноста пред референдумот. Кампањата „Си" тотално изоставила комплексни релации и прашања поврзани со економијата или улогата на ЕУ. „Наместо тоа, неконкретно апелираа на љубовта на Каталонците. Но, за ваква важна работа мора да одлучува размот, а не срцето!" Повеќето луѓе, според него, не знаат што навистина значи процесот на отцепување: „Како слепи се борат во битка за чиј што можен исход воопшто не се свесни."

Неговиот другар Каталонец Марко Бијаголос го дели неговото мислење: „Концептот независност како што ни го продава каталонската влада е толку дифузен, што секој си подразбира нешто друго." 26-годишниот предал неважечко гласачко ливче. Семта дека со „Не" ќе ја зајакнел шпанската влада, а тоа исто така не го сака. „Не ни ветија реални социјални, културни или економски промени. Зборуваа само за независноста сама по себе и луѓето тоа го примија како да е лекот за сѐ."

Франциско, економијата и парите

Пензионерот Франциско Тригерос се реши за „лекот за сѐ“. Со денови седел по училиштата каде се одвиваше гласањето за да биде сигурен дека полицијата нема предвремено да ги затвори. „Кај нас немаа храброст да влезат", раскажува гордо.

Spanien Referendum Barcelona | Rentner Francisco Trigueros (DW/M. Müller)

Пензионерот Франциско стравува од ескалација

На шпанската влада ѝ префрла дека финансиски ги цеди Каталонците. „Плаќаме премногу спрема државата и даноците одат во Мадрид наместо кај нас." Аргументот е веќе познат. Критичарите пак им префрлаат на Каталонците дека не сакаат да го делат своето богатство со посиримашните Шпанци. А, тоа дека и во самата Каталонија има нееднаквост во економијата знаат малкумина. Центарот за истражување на јавно мислење на каталонската влада ЦЕО го откри следново: само 32% од Каталонците со примања под 900€ се за независност. 54% од Каталонците кои се залагаат за независност заработуваат повеќе од 4 илјади евра месечно.

„Ел сентименти каталан", каталонското чувство, на Франциско му е подеднакво важно колку и економијата во Каталонија. „Да не ни го пресечеа статусот на автономија во 2010-та никогаш немаше сепаратистичкото движење да достигне олкави размери", убеден е тој. Но, тоа било „марша форсада", изнудено одење, додава Франциско: „Секоја неправда која шпанската влада со години ни ја правеше, нѐ направи посилни. Не само екстремната репресија од изминатите денови, туку и сите лаги од изминатите години.“ 

Тој стравува дека ескалацијата ќе зема замав. Франциско сакал независност, но веќе нема одговор на прашањето дали претседателот Пуџдемон и навистина треба да ја прогласи. „Луѓето се на крајот на нервите. Не зборуваат веќе еден со друг."

И Ирене го дели неговото мислење: „Имаше времиња кога дијалог беше можен - тие времиња поминаа."

DW.COM

Albanian Shqip

Amharic አማርኛ

Arabic العربية

Bengali বাংলা

Bosnian B/H/S

Bulgarian Български

Chinese (Simplified) 简

Chinese (Traditional) 繁

Croatian Hrvatski

Dari دری

English English

French Français

German Deutsch

Greek Ελληνικά

Hausa Hausa

Hindi हिन्दी

Indonesian Bahasa Indonesia

Kiswahili Kiswahili

Macedonian Македонски

Pashto پښتو

Persian فارسی

Polish Polski

Portuguese Português para África

Portuguese Português do Brasil

Romanian Română

Russian Русский

Serbian Српски/Srpski

Spanish Español

Turkish Türkçe

Ukrainian Українська

Urdu اردو