1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кока Кола сака да ги ослабне Мексиканците

Дан Хиршфелд / Е.М.Фиданоска19 август 2013

Сѐ повеќе луѓе во светот се дебели. Во Европа се смета дека САД се проблем број еден, но всушност Мексико има најмногу дебели луѓе. Сега со кампања против дебелината почнаа концерни кои не се познати по здрава храна.

https://p.dw.com/p/19Ns6
Фотографија: picture-alliance/empics

Пијат Кока Кола, Пепси, Фанта и други безалкохолни пијалоци, на кои заедничко им е што се вистински калориски бомби со многу шеќер.

За концерните за пијалоци тоа е огромен пазар. Токму затоа зачудува што токму тие сега даваат поддршка на кампањата против дебелината и, на пример преку телевизиски реклами, се залагаат за повеќе движење и создаваат фронт против нездравата исхрана.

Алехандро Кавиљо, директор на „Консумер Пауер Мексико“, вели:

„Ова е социјална маркетиншка кампања со која тие се обидуваат да ги демантираат доказите, поврзаноста со болестите, порастот на конзумирање газирани пијалоци во Мексико со текот на времето и да се претстават како социјално одговорни.“

Според извештај на ОН, 32,8 проценти од Мексиканците се дебели, значи имаат екстремна прекумерна тежина. Тоа е поголем процент отколку во САД, каде дебели се 31,8 процент од луѓето. Прекумерната тежина е подлога за дијабетис и го чини здравствениот систем милиони долари.

Flash-Galerie Coca Cola 125 Jahre
Фотографија: Coca-Cola

Но производителите на Кока Кола се чини не гледаат поврзаност со своите нездрави производи. Емилио Херера, генерален директор на Здружението на мексиканската индустрија за пијалоци, оценува:

„Проблемот е комплексен и нема да биде решен преку ноќ, утре или со само една мерка. Второ, тоа е проблем со комплексни причини и не може да се издвои само една причина за него.“

Потрошувачите се обидоа индивидуално да ги тужат производителите на пијалоци, поради тоа што на нивните етикети нема предупредувања за опасностите по здравјето. Сепак, досега, немаа голем успех.