1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Колекционерот на плочи со богатство во подрумот

Бендрик Мус / Е.М.Фиданоска16 јануари 2013

Андреас Рихтер во својот подрум има неверојатно богатство, винилско богатство. Колку вредат сите негови плочи, не знае.

https://p.dw.com/p/17F6t
Фотографија: Fotolia/marsaxlokk

Винил, црно злато за љубителите на музиката. Винилот си го има најдено местото - во подрумот за плочи на Андреас Рихтер. Фанот на Битлси од Лукенвалде во Бранденбург во последните 40 години има собрано десетици илјади аналогни плочи. Сето тоа поради љубовта кон особениот звук.

„Шушкањето е едноставно неделив дел и во тоа е убавината. Старите снимки не мора да звучат толку перфектно како ЦД, како што денес стерилно се мешаат и технички се поправаат. Ова е едноставно поавтентично“, вели тој.

Се‘ почнало со раритети од Битлси. Во меѓувреме, 52-годишниот столар поседува околу 40.000 албуми и синглови.

Меѓу нив има и многу невобичаени примероци, како на пример - звучна поштенска марка или кукла која се движи на мини-плоча што се врти. Тука е и познатиот Зандменхен на плоча.

CD Schallplatten Musik Symbol
Шушкањето ја дава убавината на звукот од плочите, за разлика од ЦД-то, вели Андреас РихтерФотографија: Gerd Gropp/Fotolia

Дури и ако големата ера на плочите е минато, музичкиот подрум на Андреас Рихтер брзо го враќа сеќавањето на нивното време на полн сјај. Тој постојано вади куриозитети од неговите полици:

„Овде, на пример, е мојата плоча од Алис Купер, која е малку невообичаена поради додатокот што го има. Имено, со плочата се продаваа и гаќички, кои женските фанови потоа требаше да ги фрлаат на бината. Овие гаќички се уште овде, не се фрлени.“

Колекционерот на плочи не е сигурен дали некогаш би го отстапил своето винил-богатство на некој музеј. Се‘ уште чекаат илјадници песни кои тој не ги ни слушнал, а за каталогизирање и да не зборуваме.