1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Колекционер на плочи

Ј. Холцхаузен / Е.М.Фиданоска21 февруари 2014

Хајнц-Гинтер Хартиг има 30.000 плочи. Почнал да ги собира во 1960-тите, кога како 12-годишно момче го штедел својот џепарлак за да ја купи омилената музика. Денес куќата му е претесна, па дел од плочите се во музеј.

https://p.dw.com/p/1BAny
Фотографија: Fotolia/marsaxlokk

Колекционерот на плочи Хајнц-Гинтер Хартиг израснал во семејство, во кое татко му многу ги слушал Фреди Квин, Маргот Ескенс, Фридел Хенш и Циприс, значи шлагер музиката од тоа време.

„Се слушаше и фолк музика и малку музика за маршеви. И тогаш дојде песната ’Пеги Су’, која многу ме воодушеви. Тоа беше соема поинаква музика и таа некако ме понесе.“

Во 1963 година ја купува својата прва плоча. Тогаш имал 12 години. Пеги Су е првата плоча, а по нејзе следуваат многу други.

„Во тоа време имав џепарлак од 5 германски марки, а еден сингл чинеше 4,75 марки. Значи можев да купам една плоча на три-четири месеци. На почетокот тоа беа само плочи од Бади Холи, но потоа следуваа и актуелни работи, како Битлси. Бев млад во 60-тите. во времето кога беа популарни Битлси, Стоунси и многу други. Нивните плочи ги купував и прво собрав сто, па двесте плочи, и тоа потоа продолжи натаму“, вели Хартиг.

Денес колекционерот има над 30.000 плочи. Најмногу му се допаѓаат невообичаените кавери: „Обвивките на плочи со грешки се секогаш интересни. На пример, синглот на Битлси, каде тие пејат на германски ‘Таа те сака’, а на каверот стоеше ’Таа ме сака’.“

Musik Schallplatten
Фотографија: picture-alliance/ dpa

Хајнц-Гинтер Хартиг е експерт за рокенрол музика. Во 90-тите е ангажиран како советник за мјузиклот „Бади“ во Хамбург. Реквизитите мораа да бидат што е можно поверни на оригиналот.

„За мене лично нема полошо од тоа актерот кој го глуми Бади Холи да стои на сцена со погрешна гитара. Тука 98% од луѓето нема да можат да направат разлика, но јас им реков: ’Ако сакате да направите како што треба, би било убаво кога би имале вистинска гитара“, раскажува тој.

Грамофон или џубокс - Хајнц-Гинтер Хартиг собира и апарати на кои може да се пуштаат плочи. Кога куќата му станала претесна, Хартиг подари дел од својата колекција. Таа сега е во мал приватен музеј.

Стара техника, но во топ-фит форма.