1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Колкава е опасноста од рецесија?

18 јануари 2008

Зошто стравувања од рецесија во САД? Пред се затоа што не е надмината финансиската и кризата со хипотеките. Засега никој не знае какви ќе бидат конечните штети. И како да реагира германската економија?

https://p.dw.com/p/CqIe
Германските фирми претпазливиФотографија: Bilderbox

На германската економија засега и оди добро и тоа подолго време, вели претседателот на сојузното здружение за надворшена трговија Антон Бернер: „Производите и технологијата од Германија во целиот свет се барани повеќе од кога и да е. Од летото 2005 напредуваат порастот и вработувањето. Ова е најдолгиот пораст од повторното обединување на земјата. Профитот и нарачките ги зголемија инвестициите. Од тоа профитира државата и ги полни касите од даноците„.

Зошто се шири скепса?

Фирмите пак имаат дебели добивки. А, сепак, атмосферата не е каква што беше. Се шири претпазлива скепса. Бернер објаснува:

„Фирмите очекуваат намалување на порастот. Стопанството вистина оди нагоре, но без петходниот полет. Сепак, фирмите актуелната ситуација и натаму ја оценуваат позитивно, во однос на очекуваната бизнис клима.“

Она што им го нарушува расположенитео на Германците се надворешните фактори. Слабиот долар предизвика експлозија на цените на суровините и енергијата, а американската криза на хипотеките предизвика поголема претпазливост кај германските кредитори.

Развојот во САД влијае и во Европа

Тоа најмногу го чувствуваат фирмите на кои им треба капитал. Кристијан Дрегер, експерт за конјунктурата во германскиот институт за стопанство предупредува да не се претерува со проценките на кризата на американскиот пазар: „Опаѓањето во САД секако е важна тема. Тоа сигурно има негативни ефекти врз Европа, Германија, врз Азија уште повеќе. Но податоците што ги соопштува Меѓународниот монетарен фонд како независен извор, сепак укажуваат дека падот не е голем.“

И покрај тоа, прогнозите за развојот во 2008 се движат надолу. Германскиот министер за стопанство Михаел Глос својата претпазлива прогноза ја образложува со можното влијание на американската финансиска криза.

Bundesfinanzminister Peer Steinbrueck steht am Freitag. 17. August 2007, bei einem Besuch der Wertpapierboerse in Frankfurt vor der Anzeigetafel des Deutschen Aktienindexes (DAX).
Министерот за финансии на Германија ШтајнбрикФотографија: AP

Неговиот колега во владата, минситерот за финансии Пер Штајнбрик предупредува од преголем песимизам: „Нема да имаме околности какви што имавме во последните две години. Од друга страна, молам за разбирање. Мораме да внимаваме да не претеруваме со лелекањето. Пораст од околу 1,9 проценти е бројка за која пред три години ќе славевме. Се уште сме сведоци на солиден економски развој.“