1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Колку е Западен Балкан поблиску до Европа?

27 август 2008

Европската Унија не се придржува на Спогодбата за олеснувањето на визниот режим за граѓаните од неколку балкански земји. Ова е генералната оценка на европскиот граѓански акциски сервис, кој спроведе обемно истражување.

https://p.dw.com/p/F5qA
Дали има олеснување за граѓаните?Фотографија: DW

Истражувањето беше спроведено во Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија. резултатите не даваат основа за задоволство. Има огромна „дупка” помеѓу декларацијата на Европскиот совет дека „промовирањето на односите на луѓето помеѓу Западен Балкан и ЕУ е од најголемо значење” и она што навистина се случува на теренот. Засега визното олеснување за целиот регион, е само идеја, вели организаторот на истражувањето. Особено загрижувачки се поплаките во кои се вели дека сега е потешко да се добие виза, отколку порано, обајснува Тања Хафнер Адеми од Македонскиот центар за меѓународна соработка.

Загрижувачки примери

Како поинтересни примери се посочени.

Еден српски бизнисмен сакал да аплицира за виза врз база на покана од компанија која е од Шенген зоната. Бил информиран дека може да поднесе документи по два месеца кога веќе закажаниот состанок ќе биде завршен. „Да закажеш термин за грчкиот или за италијанскиот конзулат овде во Тирана може да поминат и 2 до 3 месеци откако ќе се јавиш“. Апликациите може да бидат одбиени и без никакво објаснување. На еден повозрасен пар од Македонија, кој аплицирал за германска виза им било кажано дека „тие немаат што да бараат таму и нивното патување не е неопходно“. Тие сакале да го посетат својот син, својата ќерка и внуците. Познат албански фудбалер кој бил одбиен за шенгенска виза вели: „Никогаш порано не сум имал проблеми, дури ни во времето кога добивањето виза беше многу ригорозно. Во Македонија како најригидни во однос на издавањето на визи се почени Италијанската и германската амбасада.

Без коментари

Во италијанската амабсада се без коментар, а во германската велат дека надлежна за спроведување на визното олеснување е Европската комисија.

Спогодбите со петте балкански земји стапија на сила На 1 јануари 2008 година.

Придобивките што ги нуди Спогодбата, се однесуваат на унифицирање такса за виза од 35 евра, бесплатани визи за одредени категории граѓани и рок за одговор на апликацијата за виза од 10 дена. Овие и уште неколку други поволности треба да го олеснат патувањето низ 24 земји потписнички на Шенгенскиот договор. Но непочитивањето во пракса смета европскиот граѓански сервис, ги отвора прашањата; Дали компромисот за визно олеснување навистина го приближува Западниот Балкан до Европа? Дали не е подобро да се забрза визната либерализација?