1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Колку е погоден лондонскиот туризам?

12 јули 2005

Во Европа започнаа годишните одмори. Многумина размислуваат дали да патуваат во Лондон, зашто британската метропола во секој случај е туристичка атракција број еден. Меѓутоа, од нападите во минатиот четврток голем број луѓе веќе не се сигурни дали Лондон е вистинската дестинација за патување. Светскиот совет за туризам додуша не смета дека ќе се случи драматично опаѓање на посетите, или барем не повеќе од

https://p.dw.com/p/AeOO
И покрај бомбите Лондон останува цел за туристите
И покрај бомбите Лондон останува цел за туриститеФотографија: AP

два процента од вкупниот број туристи што ја посетуваат Велика Британија.

Во минатата среда Лондон ја доби организацијата на олимписките игри во 2012 година. Ден потоа, на 7 јули, радоста беше заборавена. Во средата туристичката индустрија ги триеше рацете од среќа со проценка дека олимпијадата би можела да донесе дополнителни приходи од три милијради евра. Сега браншата страхува од масовни сторнирања, вели Алекс Киријадакис од советничката фирма „Дилоит„:

„Краткорочно ќе доживееме намалувања. Мислам дека ќе изостанат пред се американските и азиските посетители„.

А, тоа е лошо, зашто овие групи трошат најмногу пари за време на посетите на Лондон. Меѓутоа, Алекс Киркијадакис смета дека во наредните пет до шест месеци ситуацијата ќе се нормализира и дека бројот посетители ќе достигне нивото пред 7 јули.

Турзимот е огромна индустриска гранка во Лондон. Градот е туристичка цел број еден со 13,4 милиони посетители во минатата година. 10 насто од бруто-социјалниот производ на Лондон доаѓа од туризмот, па напад како оној од четвртокот дејствува разорно. Сепак, на аеродромот Хитроу и натаму доаѓаат туристи:

„Ќе преноќиме во Лондон. Уплативме целосна тура низ Велика Британија„.

Уште една Американка не се исплаши да лета од САД за Лондон:

„Мојот лет од Лос Анѓелес беше полн„.

И еден Американец не го сторнираше својот лет. Тој ниту кај другите патници не забележал паника:

„Многумина патници кога станува збор за веста, до извесен степен се навикнати, зашто ова се случува толку често и во различни места во светот„.

И покрај тоа, британската метропола води битка со хотелски откажувања и намалување на приходот. Тоа исто така, не ги погодува само рестораните и хотелите. Пред се индустријата за забава смета на намалени приходи. Во четвртокот беа затворени сите театри. Лондон, градот на мјузикли со атракции како „Мама миа„, „Џозеф„ и „Продјусерс„ и за време на викендот забележа намалување, вели обично оптимистички расположениот артист Том Конти:

„Извесно време ќе се намали бројот посетители, но нема да трае долго. Резервациите повторно почнаа да растат„,вели Конти.

Но, не се сите толкави оптимисти. На пример, Филип Метјус од ноќниот клуб „рок Граденс„:

„Додека рестораните повторно се добро наполнети, на баровите и ноќните клубови им треба повеќе време да заздрават. На тоа подрачје посетителите подолго размислуваат дали да ги посетат„.

Но, ако се споредува ситуацијата со Мадрид од минатата година, за Лондон постојат сите причини за надеж. Денес веќе никој не размислува дали Шпанија по бомбашкиот напад во Мадрид е вистински безбедна. Во Тејт галеријата на посетители чека огромна изложба за Фрида Карло. А, пред влезот на еден клуб, хостесата извикува:

„Сакате музика во живо, нели? Зошто не влезете да погледате„?