1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Колку пари испраќаат мигрантите?

4 јануари 2006

Германија деновиве одбележа една година од донесувањето на новиот закон за доселениците во земјата. Таа, со 7 милиони странци, е една од земјите кои со право го носат епитетот ,,доселенички“.

https://p.dw.com/p/AeMz
Зградата на Светската Банка во Вашингтон
Зградата на Светската Банка во ВашингтонФотографија: AP

Гледано во светски рамки, околу 200 милиони луѓе работат надвор од своите татковини. Само минатата година, тие во своите родни земји испратиле над 232 милијарди долари, пресметале експертите од Светската Банка.

Тоа е два пати повеќе од сумата која развиените земји им ја испраќаат на земјите во развој. Токму затоа и овие средства, во годипниот извештај на Светската банка под наслов ,, Глобалните економски персоективи за 2006 “ , се наведуваат како важен извор на финансии во земјите во развој. Многу луѓе кои заминале во странство праќаат пари дома и со тоа овозможуваат големи инвестиции во областа на здравството, образованието, како и малите и средни претпријатија.

Парите што ги испраќаат мигрантите , во некои земји во развој изнесуваат колку една третина од брутодомашниот производ, како што е на пример во Молдавија, или Босна и Херцеговина.Гледано во светски рамки, најмногу мигрантите префрлаат во Индија, а потоа во Кина и Мексико.

,, Во Германија, многу, многу се важни луѓето кои доаѓаат од просторите на поранешна Југолсвија , како и од поранешниот Советски Сојуз. Но исто така и оние од Турција. Сега имаме се повеќе доселеници од Азија, од Кина , од Виетнам“ , вели Јан Хилеред , шеф за Централна Европа на водечката фирма за трансфер на пари ,, Вестерн Унион“. На извештајот на Свестката банка му претходеше детално истражување на домаќинствата на мигрантите во Мексико, Гватемала и Филипините- земјите од каде доаѓаат огромен број мигранти. Се покажа дека во тие земји парите кои стигнуваат од странство претставуваат многу важен економски фактор:

,,Вкупната сума пари кои мигрантите ја испртатиле во 2005 та изнесува преку 200 милијарди долари,, потврдува Морис Шиф, еден од авторите на извештајот на Светската Банка .

Од трансферот на парите најмногу корист имаат најсиромашните. Утврдено е дека тие семејства дури 50 отсто од приходите ги остваруваат од роднините во странство.

,,Тие пари најчесто се користат за разни инвестиции- за образование, здравје, за подобрување на стамбената ситуација и за основање приватни фирми.“ додава претставникот на Светската Банка.

Темната страна на миграцијата е одливот на мозоците. Во некои земји на Средна Америка и карибските земји во кои Светската Банка вршеше истражувања, дури 80 отсто луѓе со универзитетска диплома ја напуштаат татковината. Во големите земји во развој , како што се Бразил, Индонезија и Кина таа бројка е многу помала и судејќи според податоците на Светската банка изнесува само 5 отсто.