1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Колку уште ќе трае ембаргото за оружје за Сирија?

АТ/ афп/ дпа14 март 2013

По Велика Британија, и Франција најави евентуална испорака на оружје за сириската опозиција, без одобрување на ЕУ. Потврда нема, но можно е да следат дела.

https://p.dw.com/p/17xMW
Фотографија: Getty Images

Според зборовите на францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус и Франција има намера да му овозможи на отпорот во Сирија да се брани. „Моменталната нерамнотежа неможеме да ја прифатиме: на една страна Иран и Русија, кои му испорачуваат на сирискиот претседател Башар ел Асад, на друга страна се борците на отпорот, кои неможат да се одбранат“, рече Фабиус. За да биде укинато ембаргото за оружје за Сирија потребна е согласност на сите држави на ЕУ.

„Суверена нација“

Фабиус се изјасни дека прво за ембаргото за оружје треба да се разговара на ниво на ЕУ. И без неопходната едногласност за укинување на европското ембарго Париз и Лондон, според Фабиус, ќе донесат одлука да испорачаат оружје за Сирија. Франција била „суверена нација“ нагласи министерот за надворешни работи. Идната средба на европските министри за надворешни работи треба да се одржи идната недела во Даблин. 

Опозиционата Национална сириска коалиција ја поздрави најавата. Нејзиниот портпарол Валид ал Буни се изјасни: „Ние во коалицијата ќе ги преземеме сите неопходни дипломатски напори, за да ја осигураме светската заедница, дека ова оружје нема да падне во погрешни раце“.

Предупредување од Москва

САД и повеќе ЕУ држави се загрижени, дека милитантни исламисти би можеле да стигнат до модерно оружје, кое западните поддржувачи би ги испорачале на противниците на претседателот Асад. Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле од своја страна предупредува од преземање непромислени чекори при проверката за евентуална испорака на оружје за сириската опозиција.

Во вторникот британскиот премиер Дејвид Камерон најави евентуално укинување на ембаргото за оружје за сириските бунтовници, и без согласност на ЕУ државите. По ова стигна предупредување од рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров до Британците, да не ја вооружуваат сириската опозиција.  Секој обид да се вооружат бунтовниците во очите на Москва е кршење на меѓународното право, рече Лавров по разговорите со британскиот колега Вилијам Хејг и министерот за одбрана Филип Хемонд во Лондон.