1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кол ги опоменува евроскептичарите

28 февруари 2012

„Почесниот граѓанин на Европа“ се вклучува во спорот за натамошна помош на Грција-„Не смее да се доведува во прашање целта на обединета Европа“, предупреди Хелмут Кол.

https://p.dw.com/p/14BQ2
Фотографија: AP/DW

Сегашната криза во ЕУ треба да се сфати како „шанса“ и таа ја покажува неопходноста од „повеќе, а не помалку Европа“, пишува денеска во статија во весникот „Билд“ поранешниот германски канцелар Хелмут Кол.

„Треба да ја искористиме кризата како шанса. Токму сега имаме потреба од повеќе, а не од помалку Европа“, тврди поранешниот канцелар, кој е на возраст од 81 година.

„Европа е нашата иднина и таа нема алтернатива. Ги имаме сите основи за да бидеме оптимисти и, ако тоа го сакаме, Европа ќе излезе од сегашната криза посилна. Да не запаѓаме во хаос“, подвлекува Кол.

Puzzlebild Triptychon Deutschland Helmut Kohl und Angela Merkel Dossierbild 2
Хелмут Кол и канцеларката Ангела МеркелФотографија: AP

„Иднината не им припаѓа на скептиците, туку повеќе на луѓето кои ги туркаат работите напред со јасна цел пред себе“, дополнува политичарот.

По две ужасни светски војни јасно е дека единствено обединета Европа дава можност за траен мир и слобода, смета поранешниот канцелар на Германија.

„Лошите сенки на минатото всушност и не се избркани, тие се‘ уште можат да се вратат. Тоа значи дека Европа се‘ уште е прашање на војна и мир, а идејата за мирот е движечката сила на европската интеграција“.

Оние кои сега, во периодот на криза, се‘ уште се сомневаат, Кол ги прашува: „Каде ќе бевме денеска ако се повлечевме пред малодушноста и скептицизмот и не ја имавме наметнато европската идеја и покрај значителниот отпор?"

Автор: ЖА/СН/билд/миа

Редактор: Симе Недевски