1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Комеморација како пример за духот на помирување

6 ноември 2011

Денеска (06.11) на француските гробишта во Битола и на германските воени гробишта во Прилеп се одржа комеморација организирана од страна на германската и француската амбасада во Скопје.

https://p.dw.com/p/135z5
Споменикот на француските гробишта во БитолаФотографија: Toni Glamcevski

Војните и ужасите од двете Светски војни се дел од европскиот идентитет, за да тие не се повторат веднаш по Втората светска војна, политичарите визионери, директни сведоци на тие ужаси започнаа со изградбата на една заедничка Европа. Германскиот канцелар Конрад Аденауер и генералот Шарл де Гол, пред педесетина години направија силни потези и го покажаа патот кон помирувањето.

На 11 ноември во Франција се одбележува денот на примирјето, кое во 1918 година и стави крај на Првата светска војна, во Германија на 13 ноември се одбележува денот на народната жалост. Ден на сочувствување и сеќавање на бескрајните редови на воените гробишта, во Битола на француските гробишта и во Прилеп на германските гробишта од им беше оддадена почит на загинатите војници на двете земји во Македонија, во духот на помирувањето како пример за сите.

На комеморацијата беа присутни и положија венци и букети свежо цвеќе македонскиот министер за одбрана Фартмир Бесими, претставници на повеќе дипломатски претставништва на земјите членки на ЕУ, Русија и САД, претсавници на политички партии ид Македонија и здруженија на граѓани кои гои негуваат и одржуваат спомените на загинатите борци од Првата светска војна, градоначалниците на Битола Владимир Талески и на Прилеп Марјан Ристески, како и делегација на Епинал (Франција) збратимениот град со Битола и Швабишал (Германија).

Откако двајцата амбасадори положија бели рози на гробот на случајно избран војник. Свештеник католичката цркав и имамот на исламската заедница од Битола одржаа кратки молитви во сеќавање на загинатите војници.

„Во секоја гробница лежи една цела светска историја“

Во своите трогателни говори, Германската амбасадорка Гудрун Штајнакер и францускиот амбасадор Жан-Клод Шлумберже во Битола и Прилеп потсетија на таа пораката на двајцата лидери визонери. Едноставна порака во својот израз, но далекусежна: да погледнеме во минатото за подобро да размислуваме во иднината.

Mazedonien Mahnmal deutscher Soldatenfriedhof
Германските гробишта во ПрилепФотографија: Toni Glamcevski

„Во секоја гробница лежи една цела светска историја“, со зборовите на Хајнрих Хајне, германската амбасадорка пред гробовите на околу 13 000 француски војници во Битола, зборувајќи на француски јазик потсети на жртвите на младите мажи кои загинале во Првата светска војна, кои станале жртви на една од денешна перспектива гледано, безсмилена војна.

„ Под секоја гробна плоча-доколку и воопшто ја имаат – лежи еден свет? Не, повеќе би рекла сонови, желби, цели кои никогаш не се оствариле. Во секоја гробница еден неживеен живот, Залудна смрт!“ , нагласи германската амбасадорка Гудрун Штајнакер.

Таа не случајно ги избра зборовите на Хајнрих Хајне поет од 19 век, тој исто така потекнува од нејзиниот роден град Дизелдорф, починат во Париз, кој во иста мера и припаѓа и на германската и на француската култура. Но неговите зборови „Во секоја гробница лежи една цела светска историја“, според неа важи за луше кои ја имале таа среќа да умираат по долг живот, веќе стари, така да се речи уморени од животот. „Но денес се сеќаваме на оние кои не умирале стари, оние кои се уште не го живееле за својот живот.“

Европското обединување произлезе од цврстата волја да се надмине векот на војните, обезбедувајќи со тоа траен мир на нашиот континент.

„Во средиштето на на европското обединување е германско-француското помирување до кое Французите и Германците можат да се гордеат. Оттука навираат и зборови на благодарност. Иако дури по уште една далеку пострашна војна за која Германија ја сносела и се уште ја носи одговорноста, од навидум залудното загинување на толку млади луше пред едвај сто години, на крај сепак произлезе една смисла. Денес Франција и Германија заедно тагуваат по своите синови, кои премногу рано и далеку од татковината го загубиле својот живот“ , рече Штајнакер.

Германската амбасадорка не заборави да потсети и да се спомени и на жителите на регионот кои исто така страдале од Балканскиот фронт, кој се протегаше овде и кои станале жртви на војната.

„Тука сме повторно заедно, Германци и Французи, Македонци и Албанци, претставници на многу други националности, за да си подадеме рака над гробовите“, нагласи на германски јазик пред гробовите на германските војници во Прилеп, амбасадорот на Франција Жан-Клод Шлуберже.

Тој притоа потстеи дека Германците и французите учееле да ја надминат длабоката тага на историјата, да си подадат рака и „без ништо да азборават од минатото, да погледнат заедно кон иднината“.

Пораката која двајцата амбасадори од две земји симбол на помирувањето – Франција и Германија, се со една иста заедничка едноставна порака во својот израз: да погледнем во минатото за подобро да размислуваме во иднината.

„ Да го почитуваме споменот на мртвите. Да ја почитуваме нивната жртва. Тие ги дале своите животи за она што вервале дека е правично, Ја искусиле возбудата од остварување на должноста, но го искусиле и страдањето а понекогаш и сомнежот или бунтовноста.“, нагласи Шлумберже, додавајќи дека француските и германските војници треба да знаат од длабочината на нивните гробови, дека порката што ни ја даваат е порака на надеж.

Помирувањето не е само политичка формула

„Тоа се прави најнапред во срцата и душите на мажите и жените чиишто тела и души страдале“, рече францускиот амбасадор.

Со многу емоции на гробиштата во Прилеп, тој помисли и на 31 членови на неговото семејство, деветемина Шлумберже Французи и дваесет и двајца Шлумберже Германци, кои загинаа во периодот меѓи 1914 и 1918 гофдина.

„Тоа е приказната на моето семејство. А таква е приказната и за Европа. Бидејќи Европа е нашето семејство. Во рамките на тоа семејство, треба да ги прифатиме нашите разлики и различности. Во него треба да се обединеме и да си подадеме рака“ , порача Шлумберже.

Автор:Тони Гламчевски

Редактор: Симе Недевски