1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Коментар: Кога еден мандат ќе прерасне во ера

Фолкер Вагенер/ Александра Трајковска 23 септември 2013

Довербата е цврста валута во кризни времиња. Ангела Меркел ја има оваа доверба кај избирачите. Толку убедливо - никој не предвидуваше. Нејзината изборна победа ја промени политичката карта. Фолкер Вагенер коментира.

https://p.dw.com/p/19mV3

Само без експерименти, особено не во криза. Кога вака мислат многумина и така и постапуваат во изборната кабина, тогаш брзо една победа се претвора во триумф. Речиси осум проценти пораст за Ангела Меркел и ЦДУ, ФДП како коалиционен партнер атомизиран, Левицата и Зелените со загуби. Ова е политичкиот плен на Ангела Меркел, вечерта на 22. септември. Што има таа, што го немаат политичките конкуренти, што може таа, што другите не можат?

Апсолутно мнозинство досега постигна само Конрад Аденауер (ЦДУ). Тоа беше во 1957 година. ЦДУ на Меркел за малку ќе го постигнеше тоа. За среќа на Меркел тоа не се случи, отие тесното мнозинство со себе ќе повлечеше парадокасални консеквенции. Имено, во редовите на Унијата седат најмалку двајца тврдокорни критичари на политиката за спас на еврото на Меркел. Тие грандиозната изборна победа ќе можеше да ја претворат во четиригодишна неизвесност. Сега со голема коалиција Ангела Меркел ќе го замолчи и последниот отпор во сопствените редови. Имено, оваа коалиција во моментов се чини најверојатна. Меркел со двотретинско мнозинство може да придвижи големи работи. Тоа е добро за спроведување на реформите, но лошо за демократијата. Оти опозицијата во Бундестагот ќе биде редуцирана на две партии со по осум проценти (Левицата и Зелените). Мандатот на Меркел веќе одамна прерасна во ера.

Deutsche Welle Volker Wagener Deutschland Chefredaktion REGIONEN
Фолкер ВагенерФотографија: DW

СПД како аѓутант на Меркел или опозиција во коалицијата?

Прашањето е: Сака СПД да учестува во оваа ера, и ако да, во која улога? Од владеењето како помала партија во владата на ЦДУ од 2005 до 2009 година партијата мораше да извлече поука, дека успесите и добрата соработка, како број 2 во еден владен сојуз не се исплатат. Четири години доминација на Меркел во кабинетот во 2009 година на СПД и‘ го донесе најлошиот изборен резултат во историјата на партијата. На овие избори - со два и пол проценти повеќе во однос на минатите, впрочем вториот најлош резултат. СПД не би требало да се впушти во неа, во Големата коалиција. Но токму една величина како поранешниот претседател на СПД и изборен стратег Франц Минтеферинг прецизно ги формулирше противаргументите и е за Голема коалиција. „Опозицијата е ѓубре!“ гласи неговото кредо. СПД ќе се одлучи најверојатно за соработка и ќе се обиде скапо да се продаде.

ФДП: политички банкрот

Виновни за чувствителната позиција на СПД меѓу изборен пораз и учество во владата се либералите. Оваа партија на средниот слој и борците за граѓански права го загуби својот профил и тоа толку нагласено и брутално, што не само што излета од владата туку и од парламентот. 4,8 проценти се исто како смртна пресуда. Во догледно време политичкиот либерализам ќе исчезне од германскиот Бундестаг. Дали е тоа цезура? Не, тоа беше политичко цунами. На партијата и‘ се потребни две работи: ново раководство и нова прогарама, не само за заболекари и адвокати.

Поуката од изборната ноќ е и дека политичките сојузи се разлабавени. Имено, прашање само на време е кога црно- зелена коалиција ќе се етаблира на политичката сцена. Најверојатно и за последен пат црвено- црвено- зелен сојуз остана табу. Математички овие три партии заедно можат да и‘ го одземат цептерот на Меркел, ако воопшто се осмелат. Конечно, политичкиот пејзаж се промени - и тоа значително.