1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Компромисот е знак на сила, а не на слабост

27 мај 2010

Македонските граѓани и владата треба да знаат дека за отворање преговори, компромис со Грција е неизбежен - реагира портпаролот на еврокомесарот Штефан Филе на анкетата на весникот „Дневник“.

https://p.dw.com/p/NYna
Неизбежен е компромис со ГрцијаФотографија: Petr Stojanovski

Анкетата на Дневник стигна и до Брисел. Европската комисија, која речиси никогаш не коментира анкети или внатрешнополитички прашања, овојпат гласно и јасно реагира. Во соопштението од портпаролката на еврокомесарот за проширување Штефан Филе до дописниците во Брисел се вели: „Поздравуваме отворени дебати за толку важни прашања како што е името. Ние во Европа научивме дека за да се напредува, компромисот е неопходен. Споровите од минатото мора да се надминат за да се изгради заедничка судбина. Затоа компромисот не е знак на слабост, туку на сила, затоа што покажува дека имате јасна визија за иднината. Ние ја имаме предвид оваа анкета, истовремено потсетуваме дека отворањето на преговори со ЕУ е одговорност на владата на РМ. Ние целосно го поддржуваме процесот на прговори во ОН.“

Како што вчера изјави францускиот амбасадор во Македонија, Жан Клод Шлумберже, резултатите од анкетата се контрадикторни. Ова е ставот и на Брисел. Граѓаните и владата треба да знаат дека за отворање на преговори, компромис со Грција е неизбежен. Македонската влада има одговорност тоа да го разбере и да и‘ го пренесе а јавноста, коментираат дипломатите.

Автор: Тања Милевска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска