1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Компромисот пропадна во Сенатот

30 јули 2011

Предлогот на републиканците привремено да биде подигната законската граница за максимално задолжување на земјата и да се спроведат сеопфатни мерки за штедење не наиде на поддршка на демократите во Сенатот.

https://p.dw.com/p/126bD
Фотографија: picture alliance/dpa

Два часа претходно Претставничкиот дом на американскиот Конгрес во кој мнозинството го имаат републиканците го одобри предлогот, но во горниот дом -Сенатот кој е под контрола на демократите тој беше брзо отфрлен. Според аналитичарите ова е чекор, кој ги отсликува идеолошките разлики меѓу двата табора, но и го отвора патот за почеток на преговори за конечен договор.

Доколку републиканците и демократите до вторник не постигнат договор САД ќе мора да прогласат неликвидност, односно повеќе нема да можат да ги отплаќаат долговите.

САД во меѓувреме имаат наталожено долгови од околу 14,3 билиони долари.

Претседателот Барак Обама кој доаѓа од редовите на демократите притиска за подигнување на досега важечката и законски одредена граница на максимално задолжување. Тој меѓутоа сака да бидат зголемени даноците и за побогатите Американци, чекор што го отфрлаат републиканците.

Набљудувачите очекуваат дека конечното гласање за клучниот предлог за зголемување на границата на задоолжување ќе се случи во понеделник или најдоцна во вторник.

Автор:СН/ АТ/ ртр/ дв

Редактор: Александра Трајковска