1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Компјутерите отвораат нови перспективи за шахот

12 октомври 2009

На Европскиот клупски куп во шах што се одржа во Охрид беше промовирана охридската атракција – шах под вода, а се разменија мислења за напредокот на шахот во ерата на компјутерите.

https://p.dw.com/p/K4Is
Белата фигара на потег

Древната игра шахот неделева во Охрид собра 54 екипи во машка и 11 екипи во женска конкуренција.Се одиграа 7 кола по швајцарски систем. И покрај изненадувањата, на крајот на тронот во обете конкуренции најдобри екипите од Русија.

BdT Deutschland Bonn WM Schach 6. Partie Wladimir Kramnik gegen Viswanathan Anand
Двајца противнициФотографија: AP

Петар Гичаровски директор на Купот и претседател на Шаховската федерација на Македонија вели: „Во шахот нема привелигирани страни. Нема денеска им тргна или не. Значи се’ се сведува на двајца противници кои се различно подготвени, кои имаат различен ментален склоп, различен капацитет. Меѓутоа имаат еднакви услови за игра.“

Тој потвдрува дека Македонија има среќа и добра реперезентација. Со шахисти кои се во години, но кои можат да дадат добри игри. Има и млади, но нивниот број е мал, додава Гичаровски и потсетува на последниот настап на реперезентацијата: „Да се биде 17 во Европа, каде што е концентиран целиот шаховски крем е голем успех. Да се победи една Југославија, да се победи една Грција и да се изигра нерешено со Германија, да се победи Грузија тоа е квалитет. Тоа се случи 2007 година.“

Компјутерите го унапредуваат шахот

Deutschland Schach Weltmeisterschaft in Bonn Wladimir Kramnik gegen Viswanathan Anand
Врвните мајстори достапни за секогоФотографија: AP

Дека шахот напредува, откако компјутерите стапија на сцена потврди и Борис Кутин, претседател на Европската шаховска унија. Иако, човекот ги измисли, компјутерите се неприкосновени и помудри и во шахот вели тој: „Претходните 50 години наназад беше невозможно да станеш врвен шахист ако не си бил роден во некоја од силните шаховски земји. А со појавата на компјутерите секој поединец преку него може да дојде до нивото на мајстор. И информациите се директни. Сите водечки светски партии можат да се видат во живо. Ништо не може да се крие.“

Презентација на шах под вода

На локалитетот Миќов град за учесниците и гостите професионални нуркачи од Охрид презентираа шах под вода. Овој настан беше атрактивен, оцени Кутин. „Ова кристално чисто Охридско езеро и асоцијата на шах. Тоа навистина предизивика внимание. И се надевам дека сликите од овде ќе го прошетаат светот.“

Сергеј Молцесијан беше дел од екипата на Баден Баден. За шахот под вода како атракција со шеговит тон вели: „Претпоставувам дека тоа може да биде интересна дисциплина, но мене за сега ми е доволен овој стандардниот шах.“

Германско дерби во Охрид

Symbolbild Gary Kasparow Schach Russland
ШахФотографија: Fotomontage/AP Graphics/DW

Во Охрид се натпреваруавше и екипата Вердер од Бремен. Во последното коло убедлива победа извојува Баден Баден, ни рече Молцесијан:„Овие две екипи се конкуренти и во Бундеслигата. оттука шаховскиот дуел беше прогласен за дерби. Ги победивме, но и натаму ќе се гледаме на други турнири.“

На крајот Баден Баден го освои четвртото место екипно. Од трите македонски екипи најдобро паласирана беше Алаклоид на десеттото место. Во опен турнирот победи Економист – Саратов, а кај жените Спартак – Видное и обете екипи од Русија. Македонските шахисти велат дека и натаму сонуваат со отворени очи и ќе конкурираат за други големи шаховски настани.

Автор: Милчо Јованоски

Редактор: Александра Трајковска