1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Компјутерска музика создадена и од деца

Ш. Габел / С. Недевски23 јануари 2013

Каталонецот Серџи Жорда занимавајќи се со програмирање ja открил љубовта кон музиката. Тој е професор на Универзитетот во Барселона и работи на развојот на Хајтек инструменти, со кои и мало дете може да создава музика.

https://p.dw.com/p/176Rb
Фотографија: Fotolia/silver-john

Серџи Жорда е музичар. Инструментот што го носи со себе не е тежок. Тој компонира компјутерска музика и предава на универзитетот во Барселона. Неговата музика не е составена од ноти, туку од бити и бајти.

„Кога имам концерт, го носам само својот лап-топ и тоа е убава работа. Со ваков инструмент не мора да се подготвувате или да вежбате, едноставно го вклучувате, и гледате што ќе се случи“, вели Жорда.

Целта на Жорда е секој да може компонира. Затоа тој создал и специјален софтвер, кој има интуитивен интерфејс, за кој не се потребни посебни предзнаења или некој специјален компјутер. Доволна е само желбата за свирење.

Bildergalerie Völklinger Hütte Electromagnetic Festival
За концерт е доволен само еден лаптопФотографија: picture-alliance/dpa

„Отсекогаш создавав еден вид музика од шумови. Верувам дека луѓето дознаваат работи така што едноставно ги прават. Затоа создадов инструментот, кој му овозможува секому да се изрази и тоа со помош на шумови“, вели компјутерскиот музичар.

Жорда не се интересирал многу за музиката, се’ додека не се запознал со персоналниот компјутер.

„Денес може лесно да се дојде до компјутер, никој не ни размислува за тоа. Се сеќавам и натаму на 1983. кога го видов првиот ПиСи. Бев воодушевен од програмирањето“, се сеќава Жорда.

Најпознатиот дигитален инструмент на Жорда е РеакТејбл („ReacTable“). Со него се музицира на тој начин што се движат одредени објекти. Тие движења ги анализира камера, а потоа компјутерот движењата ги претвора во одредени звуци.