1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Комунистичката партија на Кина има нов претседател

СН/БГ/дпа/ртр/миа15 ноември 2012

Новоизбраниот лидер на владејачката партија на Кина, и иден претседател на државата, Си Џингпинг ја посочи корупцијата како најитен проблем пред кој е соочена владејачката партија.

https://p.dw.com/p/16jW7
Фотографија: Reuters

Владејачката партија на Кина има ново раководство. Во Пекинг Централниот комитет на Комунистичката партија го именуваше потпретседателот на државата Си Џингпинг за нов партиски шеф. 59-годишниот Си на функцијата ќе го наследи 68- годишниот Ху Џинтао. Во март наредната година Ху на Си Џингпинг треба да му ја предаде и функцијата шеф на државата. Централниот комитет ги избра и новите членови на моќниот Постојан комитет на Политбирото , кој отсега натаму ќе биде во смален состав со седум членови. Меѓу нив се наоѓа и вицепремиерот Ли Кечианг , кој во процеот на промена на генерациите во кинеското раководство во март ќе ја преземе премиерската функција од Вен Џиабао.

China neue Führungsduo Xi Jinping und Li Keqiang
Новото лидерско дуа на Кина, Си Џингпинг и Ли КечиангФотографија: Reuters

Новоизбраниот лидер на кинеските комунисти , ја посочи корупцијата како најитен проблем пред кој е соочена владејачката партија.

Целата партија треба да биде претпазлива, изјави Џинпинг во првата изјава за новинарите по неговото избирање на функцијата по завршувањето на 18-от конгрес на партијата.

Меѓу другите поглавни проблеми пред комунистичката партија тој ги посочи формализмот и бирократијата.

За да се справиме со тие проблеми, ние пред се треба да имаме достојно однесување, истакна новиот партиски лидер, кој исто така повика за наложување строга дисциплина и одржување тесни врски со народот.