1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Конвенција на УНЕСКО за клутурата

18 март 2007
https://p.dw.com/p/AgNA

Денеска стапува во сила конвенцијата на УНЕСКО за културната многустраност. Конвенцијата беше усвоена во 2005 година и со неа се прокламира одделување на клутурните добра од вообичаените правила на светската трговија. На тој начин треба да се гарантира дека литературата, филмот, музиката или телевизијата нема да се третираат само како комерцијални области. Американците гласаа против оваа конвенција на УНЕСКО страхувајќи од трговски ограничувања на филмот и музиката. Конвенцијата досега ја ратификуваа 52 држави.