1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Конгресната група пријатели на Македонија доби нов член

СН/БГ/мф/миа14 ноември 2012

Американскиот конгресмен Вилијам Лејси Клеј, член на демократите од сојузната држава Мисури, се придружи на Конгресната група пријатели на Македонија. Со тоа оваа група сега брои 17 членови.

https://p.dw.com/p/16j1c
Фотографија: picture-alliance/dpa

Претседателот на Обединетата македонска дијаспора, Методија Колоски го позрави пристапувањето на Конгресменот Вилијам Лејси Клеј како седумнаесети член на Конгресната група за Македонија. Како што соопшти ОМД
Конгресменот Клеј е член на Конгресот од 2000-та година. Тој го наследи својот татко, Бил Клеј, кој 32 години беше претставник на Првиот Конгресен дистрикт на Мисури. Како што информираат од Обединетата македонска дијаспора, Клеј претставува сојузна држава во која има голема заедница на Македонци.
„Со оглед на фактот дека македонски имигранти пристигнувале во Сент Луис
повеќе од еден век, Сент Луис претставува историско место за македонската
заедница. Романската православна црква Свети Томас во Сент Луис била
всушност изградена од македонски имигранти во 1903 година. ”, истакна Коловски.
Конгресната пријателска група за Македонија, со кого претседава долгогодишната пријателка на Македонија, конгресменката Кендис Милер
(Републиканка од Мичиген), служи како тело за оддржување но и зајакнување на позитивната и взаемно корисна врска помеѓу Соединетите Американски Држави и Македонија.
Давајќи и глас на Македонско-Американската заедница во Вашингтон, ОМД со нетрпение ја очекува соработката со сите членови на Конгресната група за Македонија за продлабочувањето на врската помеѓу САД и Македонија. ОМД ги охрабрува сите Американци со македонско потекло да ги контактираат своите претставници во Конгрес и да ги замолат да се придружат на Конгресната група за Македонија.