1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Конгрес за медиумите во земја со цензура

Наталија Недилко/Б. Георгиевски2 септември 2012

Во Украина слободата на медиумите е ограничена, а токму во таа земја денеска почнува Светскиот конгрес на издавачи на весници, кој ќе трае три дена. Можат ли укранските медиуми на тој начин да добијат повеќе слобода?

https://p.dw.com/p/162CF
Фотографија: Vladimir Voronin - Fotolia.com

Иронијата е во најголема мерка во тоа што, покровител на Светскиот конгрес е токму Виктор Јанукович. Претседателот на Украина е на удар на жестоки критики поради ограничувањето на слободата на печатот.

По преземањето на власта, Јанукович повеќе пати повторуваше дека ја почитува и штити слободата на печатот во земјата. Но, реалноста е поинаква. Неговите телохранители им оневозможуваат на новинарите слободна работа, а критички осврт за неговата работа на телевизиите не може да се види.

Меѓународната организација „Репортери без граници“ годинава утврди драматично влошување на медиумската слобода во Украина. Во последното рангирање, според слободата на печатот земјата го зазема 116. место од вкупно 179.

Во тој контекст се поставува прашањето - дали е добра идеја конгресот да се организира токму во Украина? Мнозинството издавачи се сепак против бојкот. Лари Килман, заменик-директор на Светската асоцијација на новинари и новински издавачи вели дека се работи за недоразбирање.

„Доаѓаме во Украина поради солидарност со локалните, независни новинари. Тоа не значи дека форумот ја легитимира медиумската политика на украинската влада. Присуството на издавачи и уредници од целиот свет ќе го сврти вниманието кон проблемите во Украина“, вели Килман.

NO FLASH Pressefreiheit Ukraine
Фотографија: AP

Бојкотот нема ништо да промени

Слично мислење имаат и украинските издавачи.

„Бојкотот би имал минимален ефект. На конгресот не учествуваат политичари, туку новинари“, вели Руслан Кабачињски од Киевскиот институт за масовни медиуми.

Ниту учесниците од Германија не сакаат да го бојкотираат конгресот.

„Многу јасно ги забележуваме демократските дефицити во Украина. Би било погрешно да се затвораат очите пред проблемите и да се избегнува Украина. Ние веруваме дека подобра варијанта е токму да укажеме на значењето на слободата на печатот и нашиот годишен конгрес да го одржиме токму во Украина“, вели Кристоф Кесе, претставник на компанијата „Аксел Шпрингер“.