1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Конгрес на СДСМ - тројца кандидати за местото на Црвенковски

ЖА/миа2 јуни 2013

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска (02.06) во Скопје ќе го одржи редовниот 14. конгрес, на кој треба да биде избран претседател на партијата, централен и надзорен одбор.

https://p.dw.com/p/18iUI
Фотографија: Petr Stojanovski

Засега тројца кандидати се пријавени за претседател и тоа Зоран Јовановски, Зоран Заев и Кире Наумов, откако вчера Игор Ивановски се откажа од кандидатурата. Како што објаснуваат од партијата, делегатите имаат право да предложат и други кандидати на самиот ден на одржување на конгресот или, пак, некој од веќе кандидираните да се откаже од трката за лидер на опозициската партија. Секој кандидати за лидер на партијата ќе има можност за петнаесетминутно обраќање пред 705-те делегати и претставување на својата програма. За избран ќе се смета кандидатот што ќе добие над 50 отсто од гласовите, под услов да се изјасниле најмалку една третина од вкупниот број на делегати. Гласањето на делегатите ќе биде тајно.

Почетокот на конгресот ќе биде отворен за јавноста, додека останатиот дел до прогласувањето на претседателот и членовите на централниот и надзорниот одбор ќе биде затворен.

СДСМ е формирана на 21 април 1991 година. Во изминатите години претседател на партијата со најдолг стаж е Бранко Црвенковски, кој се‘ уште ја води СДСМ. Претседатели на партијата беа и Владо Бучковски и Радмила Шекеринска.