1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кондарко избран: Власта задоволна, опозицијата не

12 април 2011

ДИК доби нов претседател. За предлогот на опозицијата меѓутоа во македонското Собрание гласаше само власта. По гласањето за Борис Кондарко , власта говори за демократски избор, опозицијата за постапка без консензус.

https://p.dw.com/p/10rzq
Фотографија: Petar Stojanovski

Македонското собрание денеска со 80 гласа „за“ го избра Борис Кондарко за нов претседател на Државната изборна комисија (ДИК). И покрај апелот на собранискиот спикер Трајко Вељаноски опозицијата да се врати во Собранието, и да го изгласа својот предлог за претседател на ДИК, тие и денеска, како што се очекуваше, не се појавија во собраниските клупи.

СДСМ: Одговорноста за фер избори паѓа на власта

Потпретседателката на СДСМ, Ана Павловска Данева денеска на прес - конференција оцени дека иако нивниот кандидат Борис Кондарко е избран за претседател на ДИК, тоа нема да го смени фактот дека првпат во историјата на Република Македонија се оди на избори без консензус, односно се воспоставуваат правила на изборна игра без присуство на опозицијата и без широк консензус. Овој факт, според неа, укажува на тоа дека целокупната одговорност за создавање на услови за фер и слободни избори паѓа на власта.

ВМРО-ДПМНЕ: Кондарко предлот на СДСМ

Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Влатко Ѓорчев пак од името на пратеничката група на владејачката партија по гласањето во парламентот истакна дека парламентарното мнозинство уште еднаш докажа дека има демократски чувства и оти претседателoт на ДИК ќе биде од редовите односно по предлог од СДСМ. „Жалиме што СДСМ не беше на денешната седница. Тоа не е добро за демократијата затоа што граѓаните на Македонија ги избрале пратениците да бидат на нивното работно место. Пратениците на СДСМ не беа тука, а Кондарко е нивен предлог“, изјави Ѓорчев.

Parlamentsgebäude Mazedonien
Фотографија: dpa

ЛДП: Иронија

Ставот пак на пратеничките групи на опозициските партии ЛДП и Нова демократија (НД) кои беа во парламентот а не гласаа е дека денешниот избор на претседател на ДИК е недемократски и ја покажува едностраноста на парламентарното мнозинство.

Според Андреј Жерновски од ЛДП денес 20 години од плурализмот во Македонија, во Собранието има тажна слика и парламентарното мнозинство само си изгласува претседател на ДИК, а уште поиронично е, смета тој, што кандидатот е предложен од оние кои ја бојкотираат работата на Собранието.

Автор: СН/АТ/миа/макфакс

Редактор: Симе Недевски

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема