1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кондолиза Рајс во Израел

1 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BOrS

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс пристигна во Ерусалим каде што ќе разговара со целокупното израелско раководство околу иницијативата на американскиот претседател Џорџ Буш за мировна конференција на Блискиот исток. Попладне Рајс заминува во Рамала на средба со палестинскиот претседател Махмуд Абас. Саудиска Арабија изрази поддршка на иницијативата на Буш. Министерот за надворешни работи Сауд Ал Фајсал на заедничката прес конференција со Кондолиза Рајс го повика Израел да одговори на иницијативата за мир во регионот. Подготвеност за учество на мировната конференција изрази и Сирија. Американскиот претседател изјави дека конференцијата би се одржала до крајот на годинава, но не изнесе други детали.