1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Конечно поинтензивен пораст германското стопанство

20 декември 2005
https://p.dw.com/p/AeN9
Ханс-Вернер Зин
Ханс-Вернер Зин

По подолги години на побавен пораст, сите знаци зборуваат за тоа дека германското стопанство во 2006-та година ќе оствари позначителен подем. Сега и истражувачите на минхенскиот институт ИФО ја коригираа нагоре својата прогноза и очекуваат стапка на пораст од 1,7 насто.

„Ново е сега дека заживува и внатрешната конјунктура и тоа преку инвестициите. Фирмите купуваат повеќе инвестициони добра кај соодветната индустрија, што исто така е дел од внатрешната побарувачка“ – рече Ханс-Вернер Зин, претседател на ИФО-институтот и додаде: „Досега имавме само добри извозни перформанси. На ова се надоврзува дека наредната година – и уште сега е забележливо, ќе имаме битен пораст на инвестирањето, а инвестиционата побарувачка е важна компонента од севкупната побарувачка“.

Па сепак, и натаму извозот останува главна влечна сила на стопанскиот пораст во Германија. Тој веќе годинава доби силен поттик од позитивниот развој на светската економија. Во наредната година ИФО-институтот очекува уште посилна побарувачка во странство на продукти „мејд ин Џермани“.