1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Конституиран новиот состав на хрватскиот Сабор

22 декември 2011

Со изборот на социјалдемократот Борис Шпрем за претседател на хрватскиот Сабор, денеска (22.12) е конституиран седмиот состав на хрватскиот парламент, кој има 151 пратеник.

https://p.dw.com/p/13Xb7
Промена на пратениците во парламентотФотографија: picture-alliance/dpa

Новиот Сабор утре би требало да ја потврди новата влада на чело со лидерот на СДП Зоран Милановиќ, а потоа ќе следи примопредавање на власта меѓу него и досегашната премиерка Јадранка Косор.

„Времињата се тешки, предизвиците големи. Пред нас се решителни мерки и реформи за да излеземе од кризата“, рече Шпрем во првото обраќање пред пратениците.

Тој истакна дека една од првите одлуки на новиот Сабор ќе биде распишување на референдум за влез на Хрватска во Европската унија.

Кукурику коалицијата, предводена од Социјалдеморкатската партија, која победи на изборите на 4 декември и чиј лидер Зоран Милановиќ доби мандат за составување влада, има 80 пратенички места. Досега владејачката Хрватската демократска заедница има 47.

Автор:ЖА/ЕМФ/миа/бета

Редактор: Ж. Ацеска