1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Конститутивна седница на новиот состав на Собранието

Александра Чомовски 21 јуни 2008

Во Скопје денеска на конститутивна седница се варификуваат мандатите на новите пратеници на македонското Собрание. Најдоцна за 10 дена претседателот на Македонија треба да го додели и мандатот за формирање нова Влада.

https://p.dw.com/p/EO04
Македонскиот парламентФотографија: picture-alliance/ dpa

Во Парламентот на Македонија денеска се конституира новиот состав на Собранието. На седница се верификуваат мандатите на 114 пратеници. Мандатите на шест пратеници дополнително ќе се верификуваат, откако ќе бидат познати одлуките на Врховниот суд по жалбите за изборите како и резултатите од прегласувањето на 29 јуни. Претседателот на државата е должен во рок од 10 дена да го додели мандатот за состав на новата влада на кандидат на партија, односно партиите што имаат мнозинство во Парламентот.

На седницата присуствуваа претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски, првиот претседател Киро Глигоров како и претставници на верските заедници и претставници на дипломатскиот кор во земјата.