1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Конструктор на клавири од љубов

К.Шулце/С.Недевски18 април 2013

Сакал да стане пиjанист, но настапувањето пред публика не му лежело. Така Кристијан Мокчан се одлучил за друга професија. Тој е мајстор за изработка на пијана во реномираната работилница од Бајројт „Штајнгребер и синови“

https://p.dw.com/p/17TWS
Фотографија: DW

Класичната музика е негов живот. Кристијан Мокчан сакал всушност да стане пијанист. Но, денес тој е мајстор за изработка на клавири, добар како ретко кој во Германија.

„Да, конструктор на клавири. Звучи малку грубо, но тоа беше решение во неволја и тоа многу убаво решение. Всушност сакав да студирам пијано, но потоа размислив и се запрашав: што би правел по студирањето? И тоа воопшто не беше лесно“, вели Кристијан.

Потоа тој одлучил да не оди по уметничкиот пат, туку да стане занаетчија. Триипол години учел за мајстор за изработка на пијана. И тоа не каде било, туку во неговиот роден град Бајројт, во реномираната работилница „Штајнгребер и синови“.

Неговиот колега, Алојз Аделхарт, вели: „Се’ што ќе сработи има квалитет.“

Кристијан Мокчане самокритичен:

„ Јас сум задоволен дури кога ќе кажам ’ова е добро’. Претходно не сум задоволен и кога во работата морам да вклучам и други луѓе , го правам тоа само за да се постигне квалитет.“

Кристијан Мокчан го положи испитот за мајстор со одличен успех, односно како најдобар во цела Германија и веднаш беше преземен од „Штајнгребер и синови“. Изработката и реставрацијата на пијана за него стана страст. Дури и дома, во спалната соба има работилница. Работи на еден инструмент од 1887 година.

„Повеќе не можам да го извлечам од спалната соба, зашто е блокиран од мојот кревет. Така што е заробен тука. Креветот дополнително се зголеми“, вели тој, додавајќи:

Страст за производство клавири

„Да, значи може навистина да ме сметаат за фрик. Но тоа не е точно. Работам тука на пијаното само онолку колку што е потребно. Инструментот го добив како подарок.“

Само на резонантната штица мора да работи уште половина година. И штимањето на инструментот е дел од обуката и тоа веќе е негова специјалност.

„Внимавам на разликите во тонот. Тоа значи ако инструментот малку е расштиман, ќе почне да завива.“

Кристијан вели дека мора да се има апсолутен слух:

„Доволен е нормален слух. Не смее да биде оштетен од дискотека. Сосема нормален.“

Тој е скромен, но амбициозен. За неколку години Кристијан Мокчан сака да изработува сопствени инструменти на кои ќе се свири во целиот свет.