1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Конференција за Ирак во Минхен

20 јули 2005

Во главниот град на германската покраина Баварија, Минхен, во тек е втората германско ирачка економска конференција. Германија е заинтересирана за економската соработка со Ирак, изјави на отварањето Едмунд Штојбер премиер на германската покраина. Конференцијата се одвива под засилени мерки за безбедност.

https://p.dw.com/p/AeON

Секого од 550 учесници на втората германско ирачка конференција во Минхен го штитат по двајца полицајци. Учесниците се сместени во луксузен хотел во непосредна близина на главната железничка станица во баварскиот град.

На покана на индустриско трговската комора на Минхен и Горна Баварија, како и благодарение на спонзорството на министерствата за правда и надворешни работи, ирачките и германските економски делегации одржуваат советување за можно интензивирање и подобрување на билатералните односи.

Премиерот на сојузната покраина Баварија, Едмунд Штојбер за значењето на Ирак како германски партнер вели:

„ Заради географската положба и економскиот потенцијал, Ирак спаѓа меѓу клучните земји на Блискиот и Среден Исток. Тоа значи: стабилни односи во Ирак се и предуслов за политичко економска стабилност во целиот регион. За стабилизација на состојбата во земјата, покрај напорите на самите ирачани, неопходна е и поддршка од страна на меѓународната заедница и тоа за подолг временски период. Германија исто така е подготвена да ја пружи неопходната поддршка„ рече Штојбер

На конференцијата во Минхен присуствуваат 300 преставници на Ирак и 250 германски. Насилството во Ирак кое не запира, ја разниша довербата кај инвеститорите кои сега се неподготвени да инвестираат во оваа земја, кадее владее зголемена опасност од терористички напади. Оттука уште поважно е да се градат нови поврзници, смета Штојбер и додава:

„ Важно е пред се да се остварат контакти меѓу германските и ирачките партнери. Сега е битнода се постават темели за среднорочни и долгорочни економски врски од кои двете земји ќе имаат корист„

Абдел Азиз Ал Наџафи, министер за индустрија во ирачката влада, вели дека неговите граѓани со почит ги пречекуваат инвеститорите од Германија:

„ Се надевам дека ќе биде остварена тесна соработка меѓу ирачките и германските стопанственици. Тероризмот нема никакви шанси и нема да ги спречи ирачаните во намерата да остварат нов демократски систем„ рече Наџафи