1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Конференција за клима

24 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BitT

Претставници на повеќе од 150 земји во светот денеска во Њујорк по иницијатива на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун ќе расправаат за натамошни мерки во борбата против климатските промени. На конференцијата ќе учествува и германската канцеларка Ангела Меркел. Разговорите се како подготовка за самитот за клима кој во декември треба да се одржи на Бали. Бан Ки Мун повика на решителни чекори против причините за климатските промени.