1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Конференција на ИЛО

2 јуни 2004

Состојбата во светското стопанство, правата на странските работници и ситуацијата на работниците во палестинските продачја се некои од темите за кои ќе се разговара на годишната конференција на Светската организација за труд – ИЛО - што се одржува во Женева.

https://p.dw.com/p/AeR5

ИЛО е една од најстарите организации на Обединетите нации воопшто. Формирана е во 1919 година и во неа членуваат 170 држави. Нејзината внатрешна организација е единствена и би можело да се каже за пример: во сите тела рамноправно седат претставници на работниците, работодавачите и на владите. Највисоко тело е Меѓународната работничка конференција која сега заседава. Таа ги утврдува вкупните политички линии, склучува меѓунардни договори и усвојува буџет. Меѓу народот ИЛО се препознава како меѓунарден завод за труд. Меѓутоа воопшто не станува збор за работни места. Во преамбулата на ИЛО пишува:“светскиот мир долгорочно може да се гради само врз социјална правда“.

Организацијата би требало да помага глобална социјална правда во што се ангажира за подобрување на животните и работните услови и за нови работни места. Централната тема на ИЛО гласи: глобализација. Конкретно ИЛО се обидува нејзините цели да ги постигне со различни срества. Едно од нив се нарекува конвенции. На пример: конвенција против детската работа. Освен тоа ИЛО води и меѓународна законодавно-работна книга во која се застапени темите како принудна работа, работни услови, професионално образование, право за формирање синдикати и многу друго. Трето поле за активности е техничката соработка со сиромашните земји. Тие добиваат помош преку образование, а освен тоа се помагаат и социјалните и демократските структури. ИЛО долго време беше една од најугледните организации на Обединетите нации, а во 1969 година дури ја доби и Нобелавата награда за мир. Во целиот свет претставува еден вид совест на Обединетите нации и се мешаше и во подарчја што не се нејзина задача, како на пример во политичките конфликти на Блискиот исток. Од тие причини САД од протест се повлекоа од орагнизацијата. Тоа што атмосферата околу ИЛО денес е смирена има повеќе причини. Една од нив може да е внатрешната структура, нејзините три столба. Може да се каже, меѓусебно се неутрализираа. Освен тоа падна во сенка на други институции како Светската банка или Светската трговска организација. Не и успеа за време на дебатата околу глобализацијата да се етаблира како посебна сила, а многу од темите на ИЛО денес се префрлени во други организации на Обединетите нации.